Број на текстови објавени денес: 105
image003
image003

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА СО РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА – КАНЦЕЛАРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

32712362_1988705468113166_541623323377795072_n

Царинската управа денес, 16 ноември 2018 година, потпиша Меморандуми за соработка со Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа – Канцеларија во Македонија (REC COM).

 

Целта на овој Меморандум за соработка е да се воспостави соработка помеѓу Царинската управа на Република Македонија и REC COM кон развивање на методологија за пресметување на данок на возилата, која ќе се користи при изработката на Предлог Законот за оданочување на возила, Методологијата треба да ги земе во предвид најдобрите практики на земјите членки на ЕУ, усогласена со условите на македонскиот пазар на патнички автомобили, локалните еколошки и климатски услови, како и со куповната моќ на граѓаните.

 

Новиот Предлог Закон за оданочување на возилата треба да донесе многу придобивки. Имено, треба да го намали и обесхрабри купувањето на возила кои не се енергетски ефикасни и кои ја загадуваат животната средина, без притоа да се загрози добро состојбата на граѓаните од социјален и економски аспект. Ова треба да придонесе на зголемување на уделот на возила кои се енергетски ефикасни и кои нема да придонесуваат кон зголемено загадување на животната средина.

Приходот од данокот на возила, во споредба со приходите остварени од наплатата на сегашната акциза од патничките автомобили треба да остане во истите рамки, но ќе овозможи граѓаните кои имаат мала куповна моќ да купуваат возила со подобри еколошки и повисоки стандарди за енергетска ефикасност, и со намалени трошоци за гориво и одржување.