Број на текстови објавени денес: 1
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Поголем данок ќе плаќаат и уметниците

Со новиот Предлог закон за личен доход се зголемуват даночните основици на хонорарните соработници, автори или уметници, со тоа што им се признаваат помали трошоци.

Во сегашниот Закон за персонален данок на доход кој треба да престане да важи на 31 декември 2018 година, основицата за оданочување на приход од вајарско дело се намалува за 60 осто, како пари за признат трошок, а со новиот закон тоа ќе бидат 50 отсто. За уметнички фотографии, слики, фрески се признава трошок од 50 отсто, но со новиот закон ќе се признаат 40 отсто. Трошоците за создавање сериозна музика или балет остануваат исти – 25 отсто од остварениот приход, а се намалуваат за преводите од 25 отсто на 20 отсто.

Данокот за оставен прихд до 90.000 денари останува 10 осто, а за над тој износ ќе биде 18 осто.