Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Повреди кои може да ги предизвика долгото кашлање

Кашлањето е рефлекс на телото благодарение на кој го исфрламе од дишните патишта она што нè надразнува.

Но, ако кашлицата трае подолго од три недели и не покажува знаци дека ќе се смири, побарајте лекарска помош, бидејќи се можни повреди.

На пример, кашлица што трае подолго од пет недели, освен што ќе ви причини големи болки во мускулите, може да предизвика и напукнување на ребрата, поради неправилниот ритам на движење на белите дробови и дијафрагмата.

Исто така, може да испукаат капилари во окото, во носот, во грлото, па дури и кај анусот. Поради ова може да имате траги од крв во секретот. Грлото станува поподложно на инфекции, бидејќи слузокожата е оштетена.

Долгата кашлица го попречува правилното функционирање и на дијафрагмата. Затоа често се случува приклештување на нерви и неподносливи болки.