Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Пет причини зошто треба да јадете костени

kosteni1-696x463

Со есента пристигнува и омилениот есенски деликатес, костените. Тешко е да се оддолее на нивниот мирис низ градските улици, а овој плод меѓу другото има богата хранлива и енергетска вредност и поради тоа се препорачува на децата, спортистите, бремените жени и постарите луѓе.

Смирува.
 Костенот е богат со минерали, витамини од Б-комплексот, како и витамините А и Ц. Тие се зачувуваат за време на варењето на костените, бидејќи дебелата кора го штити нивниот плод. Костенот содржи калиум, фосфор, калциум, магнезиум, сулфур, хлор, бакар, железо и манган.
Полни со витамин Ц. Во споредба со другите јаткасти плодови, костенот се разликува по тоа што има низок процент на масти, а голем процент на скроб, дури двојно од компирот. Исто така, костенот е единственото јаткасто овошје кое содржи витамин Ц. Покрај бадемите и оревите, костенот не содржи глутен.
Совршен за трудниците. Костенот изобилува со фолна киселина која обично се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук. Фолната киселина е неопходна за раст на клетките, синтезата на ДНК и нормалната работа на нервниот систем. Внесувањето  на храна богата со фолна киселина ги зголемува шансите за зачнување, а во текот на бременоста овозможува правилен развој на фетусот.
Го чува срцето. Костенот е богат извор на мононезаситени масти, како олеинска или палмитинска киселина. Монозаситените масти го штитат кардиоваскуларниот систем и помагаат во намалувањето на нивото на холестерол.
Ја исфрла водата од организмот. Костенот помага кај бубрежните и стомачните тегоби, а може да се користи и за исфрлање на вишокот вода од организмот. Има и противвоспалителни својства, и е идеален за луѓето кои боледуваат од артритис и реума.