Број на текстови објавени денес: 123
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Петнаесета жртва на малите сипаници во Србија

Единасетмесечно девојче почина во Клиничкиот центар во Ниш поради компликации предизвикани од мали сипаници, потврди началникот за интензивна нега на Детската интерна клиника Дејан Милојевиќ.

– Бебето имаше проблем со белите дробови и со дишењето и беше ставена на респиратор, но срцето лошо одреагира. Имаше застој на работата на срцето – рече Милојевиќ.

Девојчето е петта жртва на сипаници во Ниш и петнаесета во Србија. Според податоците на Институтот за јавно здравје “Милан Јовановиќ Батут” од морбили во Србија досега се заболени 4.740 лица.

Најмногу заболени се децата на возраст од 5 години. Најмладото заболено лице имало 15 дена, додека највозрасната особа имала 70 години. Најголемиот број на заболени лица или 95% биле невакцинирани, недоволно или биле со непознат статус.