Број на текстови објавени денес: 93
image003
image003

Отворени Зимските параолимписки игри во Пјонгчанг

paraolimpijada-1024x538

Со спектакуларна церемонија пред околу 30 илјади гледачи денеска на Олимпискиот стадион во Пјонгчанг беа отворени 12. Зимски параолимписки игри.

На отворањето продефилираа рекордни 567 спортисти од 48 земји.

Најмногу натпреварувачи има од САД кои во Јужна Кореја допатуваа со 82 спортисти, а на игрите ќе настапат и 30 руски параолимпијци, но како „Неутрални параолимписки спортисти“.

Денеска на свеченото дефиле делегациите на Северна и Јужна Кореја се појавија секоја посебно, за разлика од неодамнешните Олимписки игри кога настапија под едно знаме.

Параолимпијадата ќе трае до 18 март.