Број на текстови објавени денес: 105
image003
image003

НСЗП бара повеќе бодови при пресметка на плата за затворските службеници

zatvor

Додавање бодови во пресметката на плата на затворски службеници со средно образование, проценти на овластувања и ризик на работа, како и пензионирање со ефективни 30 или вкупно 40 години стаж со 80 проценти од најдобрите десет години, се дел од одредбите кои од Независниот синдикат на затворската полиција (НСЗП) бараат да бидат опфатени во новиот Предлог-закон за извршување и санкции.

Претседателот на синдикална организација на КПУ Затвор-Куманово, Иво Јордановски на денешната прес-конференција рече дека нивните барања се ништо повеќе од тоа да бидат изедначени со колегите од Министерството за внатрешни работи, но дека регулирањето и изготвувањето на новиот закон се одложило до недоглед.

– Конечно да го затвориме тоа и ние да влеземе во категорија на луѓе со нормални примања во оваа држава. Досега затворската полиција беше дно на сите дна, недефинирани по никоја основа. Ние сме овластени службени лица без овластување. Земаме плата од 14-15 илјади денари, со ноќни и прекувремени саати, ако стигнеме до 20 илјади денари – изјави Јордановски.