Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Ногачески до Макрадули: Незнам кои се и не ме интересира ставот на Вашите “експерти”

Г-дине Макрадули,
Незнам кои се и не ме интересира ставот на Вашите “експерти”.
Ние, граѓаните на Дебрца, добро знаеме дека :
Несоборлив факт е дека живееме во една од најчистите природни и екстремно богати културни оази во Република Македонија.
Нашата општина Дебрца, и сите ние, заслужуваме многу повеќе од тоа да бидеме нечиј ѓубралник.
Имајќи ги предвид сите провидни капки вода што го мијат овој земен рај, сите шумски хлорофилни клетки што ни го прочистуваат воздухот што го дишеме ние и нашите деца, и сите згаснати огништа на нашите предци и остатоците на одамна заборавените нивни куќи, градски и тврдински ѕидини и кули, како и слободарскиот дух што ни ги оставиле предците како аманет, нашата заложба денес е од Дебрца да создадеме високо рангирана природна и археолошка туристичка дестинација.
И дајте, Ве молам, слушнете го гласот на граѓаните и конечно откажете се од сулудата идеја на Вашите “експерти”.