Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

НОВИ СКАНДАЛИ НА ГРАДОНАЧАЛЈНИКОТ НА ДЕБАРЦА ,ЌЕ ЈА ПРЕТВОРАЛ ОПШТИНАТА ВО ЈУРА ПАРК?!

e22bf7c9d01790f09a8f46b286947b16

Градоначалникот на Општина Дебарца Зоран Ногачески е на вистински пат Општина Дебарца да ја претвори во парк од времето Јура.Ногачески не измислил ништо ново , туку во наплив на неговиот “Опинок“ ментален склоп ,влегува од лага во лага ,,, и така до бескрај.

По објавата на ОхридСкај „Скандал-Зоран Ногачески ќе ужива во Виски и Сувомесни производи за 235.000,оо денари,,му дојде живот?!“,Ногачески на неговиот Фејсбук профил ќе не нарече рекетари?!

Отворено го запрашуваме Ногачески во што е рекетот? Дали рекет е ако новинарите на кој тоа им е работа да истражуваат ги објават неговите валкани матни трансакциски игри , кој се косат со Законските определби на РМ?!

Пред фактите Боговите молчат, Ногачески сам се погребува!

Објавата за матната тендерска игра за набавка на алхохолни пијалоци и други артикли во Општина Дебарца во износ од 235.000,оо денари,силно го погодила Ногачески! Но нели говориме за факти ?! Ногачески на својот ФБ профил ќе даде глупаво објаснување ,со што ја поткрепува тезата дека работи криминогено и спротивно на Закон.Ногачески ќе објави::

-„Точно е само дека имам нарачано 250 кг преработки од месо ( колбаси и плескавици ), во вредност од околу 58.000 денари, а кои согласно донесената Програма од советот на општината утре ќе им бидат распределени на организационите одбори за прослава на верскиот празник “Василица” ( Православна Нова Година ), по селата во општината “.

Во објавеното барање за јавна набавка , во ниту една ставка не стојат барани позиции 250 кг преработки од месо ( колбаси и плескавици ). кој му дал право на Ногачески да јаде , пие и прави седенки на терет на граѓаните на Општина Дебарца , при тоа изигрувајќи го Законот за Јавни Набавки?!

Би било во ред и согласно Закон , доколку на барањето -Јавниот повик за Јавна Набавка Ногачески ги наведеше бараните артикли и висината на износот на бараните артикли да биде 58.000,оо денари, а со општо квалификувано барање да стои износ на Јавна набавка во висина од 235.000,оо денари?! За која намена (пијанки и седенки) планира Ногачески да ги потроши останатиот износ од Јавната Набавка во висина од 177.000,оо денари?! дали повторно ќе нарачува Колбаси и Плескавици за „НОГАЧОЈАВЛЕНИЕ “ ВО ДЕБАРЦА?!

НОГАЧЕСКИ ИСПЛАЌАЛ К-15 САМО НА ПОДОБНИ ВРАБОТЕНИ , НА ОСТАНАТИ НЕ ?!

Ногачески ,како благонадежен кадар на ДПМНЕ со времен ангажман во СДСМ во целост сака да го копира Рајхсмаршалот Херман Геринг.Така Ногачески на крајот на 2017 година на одредени вработени им исплатил к-15 (тринаеста плата) но на одредени вработени кој биле активисти на ВМРО ДПМНЕ  не им исплатил,за што Општина Дебарца добила Тужбено барање од оштетените вработени.

Кога го ружевме режимот на Груевски се боревме за едно Опшество за сите и за Живот во Македонија , а не да се делат вработените спрема нивната партиска определеност. Согласно Закон за работни односи и исплата на регрес К-15, се стекнува секој вработен кој во календарската година има заснивано во Календарска година најмалку 6 месеци работен однос во правниот субјект. Ногачески си поделил К-15, но на неколку вработени не им исплати?! Зошто тоа го направил  Ногачески , нека одговори пред ОЈО и МВР,зошто во наведениот случај направил повеќе повреди на ЗКП.(Се надевам дека и за погоре изнесеното ќе даде одговор на ФБ)

НОГАЧЕСКИ ИМЕНУВАЛ СЕКРЕТАР БЕЗ СООДВЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ И СЕРТИФИКАТИ?

Кога се боревме за правна држава , сигурно дека таа борба не беше да секој поставен „опинок“ си псотавува свој кадри како по негова желботека , спротивно на Закон ! Така Ногачески си именувал Секртар на општината спротивно на Закон,во кој децидно се вели:

-„За нивоата Б3 и Б4 (раководна функција Секретар) се псотавува лица кое има најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно месо во Јавен Сектор , односно најмалку шест години работно искуство во струкара од кој најмалку две години раководно работно место во приватен сектор.За нивоата на вработување Б3 и Б4 лицето мора да поседува меѓунардно признат сертификат.Издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1 нивото на ЦЕФЕР, односно ИЕЛТС со 3,5-4,5 поени,ПЕТ,БЕК П,БУЛАТС или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода ,ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода , или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода , или ДЕЛФ ТЦФ,ТЕФ, или Гете сертификат“.

Ногачески да даде одговор јавен , кој сертификат го пседува неговиот назначен секретар на Општина Дебарца, а потоа нека глуми „Јунфер градоначалник’?!

Ногачески , случајно не ти напишав на почетокот на писанието дека си на добар пат да ја претвориш Општина Дебарца во парк од времето на ЈУРА! Твојата националистичка вмровска матрица во твојот ментален склоп за раководење со општина Дебарца ,наликува на она когаРајхсмаршалот Херман Геринг  во далечната 1940 година ,сакал да има своја шума каде ќе клонира и создава изумрени животни. Тоа Геринг го направил на начин што Беловежачката Шума во Полска ,најнапред го истребил целокупното население кое живеело во Беловежачката Шума,а потоа донел животни од сиот свет каде правел генетска модификација за да ги обнови изумрените животни.Геринг на крај завршил ,како што еден ден ќе завршиш и ти, но за жал од Општина Дебарца ќе направиш пустина.

За да не ти го дозволиме таквото твое луксузирање во Април месец ќе поднесеме до ДИК барање за собирање на потписи на граѓаните на општина Дебарца за твое отповикување.

Продолжува.

П.С. Во твоето глупаво писание на ФБ пишуваш дека си одбил да не финасираш ?! Но како тебе глупаци поминале многу, но за интерес на вистината ќе мора јавно да ја кажам вистината. Точно е дека поради Јован Мирчески -Пупе застанавме зад тебе со сите свои медиумски и лични сили , да и на крај од дрво направивме Градоначалник. Ти Ногачески нудеше соработка со општината во висина од 3000,оо денари годишно  , која јас не ја прифатив како Главен и одговорен уредник и јасно ти ставив до знаење во твојот кабинет ,дека доколку општината Дебарца паднала на 3000,оо денари , ОхридСкај е спремен да ти додели Хуманитарна помош за опстанок на општината дупло ,6000,оо денари годишно. Познат си како ноторен лажов и манипулатор. Кога нешто кажуваш , забораваш дека веќе 15 дена стои на твоето биро барање за информации од јавен карактер испратено од редакцијата ОхридСкај ,за да обзнаниш јавно колку му даваш на твоите „куртонпорталчина“ поединечно?! Ќе ги дадеш информациите како ПОПЧЕ.Во наредното писание .ќе ти ги објавам сите твој СМС пораки и разговори кој ги водеше со мене ,а народ нека чита, слуша и нека процени кој е рекетар , криминалец и останато.

Сашо Денесовски -Лично