Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

НАСА лансираше сонда која треба да му се доближи на Сонцето

sonda-NASA

Американската вселенска агенција НАСА ја започна својата мисија да испрати сателит во близина на Сонцето.

По вчерашното одложување поради технички проблеми, соларната сонда „Паркер“ денеска беше лансирана од центарот Кејп Канаверал на Флорида.

Сондата ќе се доближи на околу 6,16 милиони километри до Сонцето, што е најблиско досега. До таму патува со DELTA-IV ракета.

– Знам дека тоа звучи како да не е многу блиску… Но замислете дека сонцето и земјата се раздалечени на еден метар, тогаш сондата „Паркер“ ќе се доближи на 4 сантиметр – објаснува доктор Ники Фокс.

Проектот вреди 1,5 милијарди долари, а оваа сонда ќе биде најбрз движечки објект произведен од човекот. Околу сонцето ќе патува со брзини над 690 илјади километри на час.

„Паркер“ е заштитен со револуционерен јаглероден топлински штит и со други технолошки чуда, а првата средба со Сонцето треба да ја има во ноември. Планирано е сондата да направи 24 блиски поминувања за седум години.