Број на текстови објавени денес: 84
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Над 50.000 туристи ја посетиле земјава во ноември

ohrid-lake

Зголемување на бројот на туристи и ноќевања во ноември регистрираше Државниот завод за статистика.

Во ноември Македонија ја посетиле 50.869 туристи што е зголемување за 15,2 проценти во споредба со истиот месец во 2016 година. Зголемување за 18,1 отсто има и кај бројот на ноќевањата кои во ноември изнесувале 115.749.

Подрастично зголемување има кај бројот на странски туристи, односно во ноември нивниот број е зголемен за 24,5 отсто во однос на ноември 2016 година, а бројот на домашни туристи е зголемен за 1,3 отсто. Следствено на тоа, поголемо зголемување има и кај ноќевањата на странските туристи, отколку кај ноќевањата на домашните туристи.

Во периодот јануари-ноември лани во однос на истиот период во 2016 година, бројот на туристи е зголемен за 16,3 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 5,7 отсто, а кај странските за 23,5 отсто. Кај ноќевањата е забележано зголемување од 12,2 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 4,6 отсто, а кај странските за 22,6 отсто.