Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Над една милијарда патници минатата година ги користеле европските авиопревозници

Авиопревозот во Европа урна уште еден рекорд – минатата година биле превезени една милијарда и четириесет и три патници по воздушен пат, соопшти Евростат, што претставува зголемување од седум отсто во однос на 2016 година.

Најголемиот број патници е регистриран на лондонскиот аеродром Хитроу со 265 милиони лица, следуваат аеродромите во Германија, Шпанија, Франција и Италија.

Најзначајни зголемувања се забележани во Словенија – 20 отсто, како и во Луксембург, Естонија, Бугарија, Малта, Хрватска и други.

Авиопревозот во земјите од Европската унија претставува 47 отсто од вкупниот европски аеротранспорт, и 36 отсто надвор од ЕУ.