Број на текстови објавени денес: 127
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Надал фати метла и чистеше по невремето Мајорка ФОТО

Светската тениска елита се наоѓа на Мастерсот во Шангај, но во Кина не е најдобриот, Рафаел Надал. Шпанецот вчера им помагаше на мештаните во Мајорка чии имоти беа уништени од големото невреме што го зафати регионот.

Надал со гумени чизми, и лопата во рака, работеше рамо до рамо со останатите кои се вклучија во расчистувањето.

Очигледно, повредата која не му дозволи да настапи во Шангај, не беше пречка Надал да се приклучи на погодените од поплавите во Мајорка.

ФОТО: EPA / LA VANGUARDIA / MAYKA NAVARRO HAND