Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Мурињо: Погба е среќен во Јунајтед

skysports-paul-pogba-manchester-united-ryan-giggs_3905812-696x392

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека халфот Пол Погба е среќен и е подготвен да им помага на своите соиграчи и на тимот.

Во последните денови се појави информација дека 25-годишниот Французин сака да премине во Барселона и дури имал средби со раководството на двата клуба, но Мурињо увери дека во овие гласини нема ништо точно.

– Според мое мислење, Погба се прибра среќен во понеделникот и полн со желба за работа. Тој се претстави одлично на тренинзите во текот на неделата. Работната етика покажува дека тој е задоволен и дури нема смисла да зборувам со него дали сака да остане- изјави Португалецот.

Манчестер Јунајтед ја започнува новата сезона во Премиер лигата вечерва со натпревар против Лестер, но најверојатно Погба нема да биде вклучен во составот за дуелот.