Број на текстови објавени денес: 93
image003
image003

Мраз од Вселената пронајден под површината на Земјата

mraz-7-696x365

На Земјата е пронајден „мраз 7″ (Ice VII), односно структура која досега е регистрирана само на месечините на Јупитер и Сатурн, пишува списанието „Саjенс“.

Во дијамантите, ископани длабоко под земјината кора, научниците пронајдоа нов облик на вода, односно вид мраз досега незабележан на Земјата. Тој е 1,5 пати погуст од обичниот мраз и има поинаква атомска структура.

Постојат повеќе различни видови мраз кои се разликуваат по густината и распоредот на атомите. „Мразот 7“ е збиен и атомите кислород внатре се групираат во форма на коцки, за разлика од обичниот мраз, којшто има шестаголна структура.

Притисокот потребен за формирање на „мразот 7“ може да се најде на Земјата, но планетава главно е „претопла“ за да се одржи неговата структура.

Научниците истакнуваат дека „мразот 7“ е забележан на сателитот Европа, на Сатурн и на јупитеровите Титан и Енцелад.