Број на текстови објавени денес: 1
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Модриќ сака да го напушти Реал Мадрид

Сагата околу иднината на Лука Модриќ може да претрпи нов пресврт, откако според шпанското издание „Онда Черо“ се тврди дека Хрватот всушност сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Се тврди дека халфот ќе побара лично од претседателот Флорентино Перез да биде продаден на Интер, кој му дава договор за 4 години и одлична плата од 10 милиони евра.

Од Реал, сепак, не сакаат да загубат еден од најдобрите играчи, кој има откупна клаузула во договорот од 750 милиони евра, а Италијанците не ни помислуваат да ги платат овие пари.

На Перез сигурно нема да му се допадне барањето на Модриќ, ако навистина добие такво, а очекувањата на повеќето експери се сепак дека полудефанзивецот ќе остане дел од „белите“ и за претстојната сезона.