Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Модриќ затаил данок во 2012-та, треба да плати 1,2 милиони евра

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе мора да плати 1,2 милиони евра за даночно затајување во 2012 година.

Според „Мундо Депортиво“, шпанските власти го обвиниле капитенот на репрезентација на Хрватска дека избегнал плаќање данок пред шест години, кога пристигнал во Реал од Тотенхем.

Во објаснувањето за одлуката се вели дека Модриќ бил должен да го плати данокот за цела година, иако само четири месеци поминал во Мадрид, додека во претходните осум години живеел во Лондон, а за тој период уредно платил се што должи.

Тој ги уплатил парите во шпанската државна каса, но поднел и жалба.

Модриќ е обвинет за отворање фиктивна компанија „Ивано“ во Луксембург и за пренесување маркетинг права, затајувајќи 290.000 евра во 2013 година и 579.000 во 2014 година.