Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Мицкоски од Штип: Ни Кљусев, ни Глигоров не дозволија Македонија да биде понижена

mickoski-e1537101633711

Од обраќањето на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ во Штип.

„Дозволете да истакнам дека за мене претставува огромна чест што сум денес овде, во градот Штип, во чија близина се родиле, престојувале или дејствувале едни од најголемите синови на македонскиот народ: голема почит кон Делчев, голема почит кон Груев, Александров, генералот Михајло Апостолски, Ацо Шопов, првиот премиер на независна Македонија академикот Кљусев, првиот министер за внатрешни работи Мијалков, првиот претседател на независна Македонија Глигоров и многу, многу други. Нема многу места што можат да се пофалат со вакви дејци, и јас ја користам оваа прилика да им ја одадам мојата најдлабока почит, ви благодарам за се што сторивте за нашата татковина.

Иако скромноста не ми дозволува да мерам било што со големината на нивното дело, одлучноста што денес ја гледам на вашите лица ми дава надеж дека во најмала рака можеме да бидеме нивни достојни наследници и ништо повеќе, и ништо помалку, да бидеме нивни достојни наследници.

А, како ќе бидеме, почитувани мои? Ќе бидеме единствено доколку се бориме за Македонија, со чиста мисла, со срце и со мудрост. Ќе беше белким полесно и за Кљусев и за Глигоров доколку се согласеа на се што бараше нашиот јужен сосед во девеесетите, но тие не го направија, а не го направија затоа зошто не дозволија да ја видат сопствената држава понижена, омаловажена и урнисана.

Денес имаме политичар кој тоа го прави и не се срами што тоа го прави. Го имаме Зоран Заев и неговата владина свита. Човек и луѓе кои немаат никаков проблем да зборуваат колку го почитувале минатото, додека мртви – ладни на дело формираат комисија која ќе ни ја ревидира историјата, како обврска која тие си ја преземале во името на сите нас, иако никој не им го дал тоа право. И уште поважно, спроведуваат одредба од договор што Заев и Димитров сами си го потпишаа и најважно од се – спроведуваат одредба од договор кој што воопшто во овој момент не е на сила, само да му се допаднат на Ципрас и Коѕијас, ништо повеќе и ништо помалку!“.