Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

МИЦКОСКИ,вашата борба и грижата за наводна правда на затворените чини 1300.оо денари?!

download

Новиот лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски , празнично подзаборавил да го подразбуди својот партиски Центар за комуникации (дезинформации) ,застанал онаму пост конгресно!?Во денешното памфлет соопштение до медиумите ,секако онака како во минатото селектирани, повторно ќе изнесат дека Македонија е узурпирана државата и укинато е владеењето на правото?!

Кога не проработи тефртерчето на Јанкулоска ВМРО ДПМНЕ почнува да плаче?!

Мицкоски,Македонија беше узурпирана држава во секој сегмент цели 11 години и тоа од врхушката на твојата партија ,која го разнебити севкупното македонско опшество во секој сегмент и од таа вистина нема бегање!

Зарем судот денес е поразличен од оној кој го составуваше Гоца, Мијалков со нивните тефтерчина, или од кога ја девалвиравте севкупната судска власт, со поставување на „Сваровски судии“ , судии со биографија на крајно неморални личности, шизофреничари, коцкари , наркомани, сега тие судии не Ви чинеле?!Па Вие и вашата партија ги постави таквите лигуши од послушници , за да можете да изигравате пендрек владетели цели 11 години , нормално сега тоа Ви се тресна од глава ! Зарем за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ немаше илијадници нарачани политички судски процеси??!!Ако не ти работи меморијата Г-дине Мицкоски , повели ќе ти разјаснам јавно многу убаво, можеби тогаш и ќе се подзасрамиш ,за тоа што какви се не глупости терале твоите пајташи!

Колку чини борбата и грижата за наводна правда на затворените , 1300.оо денари?!

Колкава е вашата партиска грижа за притворените , говори и фактот што на вашиот конгрес собравте помош за семејствата на притворените фантастична сума од 1300,оо денари?,е толку е вашата грижа, од над 500 делегати собрани 1300,оо денари.

Е токму тие семејства на притворените , до Вас и до врхушката на ВМРО ДПМНЕ не можат да припарат.

Мицкоски правда мора да има и ќе ја има, сакале тоа Вие или не , но правдата мора да започне од вашиот почесен лидер Груевски, па надолу по вертикала , до Вас , од тоа нема бегање.За ваша жал , ете вашите ќе ги судат нивните судии од тефтерчето,марфиев Закон.

С.Денесовски