Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Ме нарекуваат хомопремиерка, Брнабиќ јавно проговори за својата сексуална ориентација

Во интервју за белградското прајд-списание „Понос“ премиерката на Србија Ана Брнабиќ зборуваше за својата сексуална ориентација, но и за дискриминацијата со која, вели таа, секојдневно се соочува. Ја има поддршката од своите најблиски и се надева дека приказните за поделба на геј и стрејт нема да бидат табу.

Таа вели дека кога ја прифатила работата во владата на Србија, прво како министерка и потоа како премиерка, не ѝ пречело тоа што нејзината сексуална ориентација ќе биде нешто за што луѓето ќе се фатат. Српската премиерка првпат јавно проговори за својата определба, дискриминација и партнерка.

Сепак, вели таа, навреди имало и таму каде што не очекувала. Имено, од т.н. демократска и европска елита ги добила најголемите навреди и несоодветни коментари, меѓу кои се истакнува називот хомопремиерка или прашањата од типот – дали геј-премиерките имаат некој посебен третман во затвор или се третирани на ист начин како и секој друг. И овие коментари дојдоа од луѓе што во минатото изгледаа како исклучително либерални, но вистинската вистина очигледно е многу поинаква, вели таа.

Премиерката исто така наведува дека трпи дискриминација и од политичките противници. Таа вели дека ја нарекуваат хомопремиерка, како и тоа дека не знаат дали да ѝ се обратат со господин или госпоѓа.

Според неа, тоа што е некој геј или стрејт не е прашање на избор, туку, едноставно, кој си.

– Како тоа што сте родени бел или црн не е прашање на избор – вели таа.