Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

МВР: Не возете кон „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“

policija(102)

Поради обилните снежни врнежи, СВР Охрид презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Забраната за движење кон планинскиот превој „Буково“ важи и за патничките моторни возила.

„Во таа насока, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, поставија сообраќајни контролни пунктови кај „Подмолје“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „Емо“ во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен. На овие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила а посебно напоменуваме дека забраната за движење се однесува и на патничките моторни возила. Поради тоа, а со цел избегнување несакани последици, апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили а кон спомнатите патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен“, се маведува во соопштението од МВР.

Пттаму потсетуваат дека за сите моторни возила неопходно е носење и користење на зимската опрема.