Број на текстови објавени денес: 105
image003
image003

МВР НА РМ, ИЗВАДОК НА БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 18-05-2017

policija-1-696x365

На 17.05.2018 година околу 10.50 часот на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Никола Парапунов“ во Скопје, И.С. (19) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, удрила во пешакот Л.Ф. (81) од Скопје. Од ударот, Л.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“. По укажаната лекарска помош тој бил препратен на Клиника за торакална хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 17.05.2018 година околу 14.25 часот, жител на Кичево пријавил дека на ул.„Јанко Михајлоски“, во близина на Правниот факултет во Кичево, забележал како непознато машко лице допирал малолетно женско дете по делови од телото. Полициски службеници излегле на местото каде ги затекнале пријавителот, шестгодишното девојче и неколку граѓани. По преземени мерки, по кратко време од слобода бил лишен Б.С. (67) од Кичево. Над детето бил извршен лекарски преглед, при што не биле констатирани телесни повреди, а бил извршен и разговор во присуство на родител и социјален работник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.05.2018 година во 17.05 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека има починато лице на ул.„Кирил Пејчиновиќ“. Од извршениот увид било констатирано дека се работи за Џ.С. (37) од Битола. За настанот бил известен Јавен обвинител. кој наредил обдукција врз телото на починатиот.

 

На  17.05.2018 година во 12.30 часот во СВР Битола, вработен во ЕВН пријавил дека на ул.„8-ми Септември“, додека работеле на покрив од објект во изградба на инвеститор од Демир Хисар, тројца работници во фирмата изведувач се здобиле со повреди при допир на табла од пластифициран лим со 10 киловолтен воздушен далековод. Повредени биле З.П. (43), Д.Н. (23) и  Џ.У. (59). Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помо.  По укажаната помош, З.П. и Д.Н. биле задржани на понатамошно лекување, а Џ.У. бил пуштен на домашно лекување. Увидот на местото извршила екипа од СВР Битола, Јавен обвинител и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.05.2018 година во Полициското одделение Групчин, Б.Р. од с.Стримница, тетовско, пријавил дека околу 12.30 часот од дома излегол неговиот дедо Г.Ш. (91) и до моментот на пријавување не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.