Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Лидерот на ДУИ Ахмети се сретна со амбасадорот Жбогар

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети денеска оствари работен состанок со амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар.

Двајцата соговорници, како што соопштуваат од ДУИ, зборувале за уставните промени, системските реформи и општо за политичките случувања во земјата.

Претседателот Ахмети пред амбасадорот Жбогар ја нагласил својата загриженост во врска со пречките за успехот на Преспанскиот договор и уставните измени.

-Овие клучни моменти за земјата и регионот бараат посветеност на сите, институциите, политичките партии, граѓанското општество, медиумите и други. Овој процес е неповторлив и е важен за обезбедување на нашиот евроатлантски пат – рече претседателот на ДУИ Ахмети.

Соговорниците, исто така, како што соопштуваат, разговарале и за реформите во системот, како и за помирувањето како поврзани процеси.