Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Лебот и тестенините може да предизвикаат депресија?

Постои можност глутенот некои луѓе да ги прави депресивни или изморени, а често може да биде причина за желудочните проблеми, утврдиле австралиските научници.

Тие востановиле дека производите како што се лебот и тестенините, кои содржат глутен, кај некои луѓе предизвикуваат „ментална реакција“. Само еден отсто луѓе лошо реагираат на глутенот поради сериозна болест – целијакијата. Околу 12 отсто тврдат дека се чувствителни на глутен, бидејќи тој им предизвикува грчеви и подуеност.

За да утврдат дали станува збор за чувствителност на глутен која не е поврзана со целијакија, или дека сè е „во главата“, научниците правеле тестови за храна на слепо и ги бележеле симптомите кои учесниците ги имале. Тие утврдиле дека некои луѓе навистина искусуваат вистински ментални проблеми поради консумирањето на храна која содржи многу глутен. Стручњаците сугерираат дека подуеноста и грчевите можат да бидат предизвикани или од јаглехидратите – фруктаните или може да бидат последица на внесот на глутен.

Исто така, забележале дека поедини учесници во студијата покажувале замор и имале помалку позитивни емоции, што сегурира дека глутенот навистина влијае на мозокот.

Секако дека секој кој консумира глутен нема да падне во депресија. Овој феномен зафаќа многу мал процент луѓе, но тоа објаснува зошто некои се чувствуваат подобро ако јадат производи без глутен.