Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

Лавров: Швајцарска лабораторија потврди дека нервниот токсин е произведен во западни лаборатории

Skripal-tatko-i-kerka-768x360

Супстанцата употребена за труење на двојниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, според швајцарската државна лабораторија Шпиц била агенс познат под називот „БЗ токсин“, произведен во западни лаборатории, изјави рускиот министар за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров истакна дека Москва добила доверливи информации од швајцарската лабораторија во Шпиц каде што е направена анализа на примероците земени од местото во Солсбери во Англија каде што на 4 март се отруени таткото и ќерката Скрипал.

Според него, овој отров никогаш не бил произведен во Русија, туку бил во употреба во САД, Велика Британија и други членки на НАТО.

Тој потсети дека анализата бла спроведена на барање на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCV).

Лавров истакна дека Лондон одби да одговори на десетици „многу конкретни“ прашања коиги поставила Москва во врска со случајот „Скрипал“, со барање да обезбеди и било каков значаен доказ.

– Наместо тоа, Велика Британија ја обвинува Русија дека не одговорила на нивните прашања. Лондон ниту ни постави некакво прашање, туку само сака признание дека Москва е одговорна за испорака на хемискиот агенси во Велика Британија – додаде Лавров.

Во извештајот на OPCV се потврдени само британските резултатите од истрагата дека Скрипалови се отруени со воениот нервен агенс, но не се наведува чија е одговорноста, како и други наоди кои се наведени во извештајот на државната лабораторија во Шпиц, која е дел од швајцарското Министерство за одбрана и има голема меѓународна репутација.

Велика Британија ја обвини Русија дека е одговорна за труење на такото и ќерката Скрипал, но Москва ги негира обвинувањата.

Москва верува дека целиот случај „Скрипал“ нема транспарентност и дека Велика Британија всушност не е заинтересирана за независна истрага. „Имаме впечаток дека британската влада намерно ја следи политиката на уништување на сите можни докази, класифицирајќи ги сите преостанати материјали и правејќи ја невозможна транспарентноста на истрагата“, изјави рускиот амбасадор во Велика Британија, Александар Јаковенко на прес-конференција.