Број на текстови објавени денес: 57
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Лавови изеле ловокрадец

lavovi-izele-profimedia-640x425

Лавовите во резерватот за диви животни во Јужна Африка минатата недела го растргнале и изеле човекот за кога полицијата вели дека бил ловокрадец.

Изглоданите остатоци од телото минатиот викенд биле пронајдени кај националниот парк Кригер.

– Изгледа дека во прашање била група ловокрадци и дека лавовите еден од нив убиле и потоа речиси целиот го изеле. Му ја оставиле само главата и некои помали делови од телото – навела полицијата и додала дека кај остатоците од телото била пронајдена наполнета пушка.

Неколку лавови минатата година биле отруени во тој резерват, и ним им биле отсечени главите и шепите кои се користат во традиционалната медицина.

Носорозите се најголемата мета на локалните ловокрадци во Јужна Африка каде што живее околу 80 отсто од светската популација на тој животински вид.

Речиси 1.000 носорози минатата година се убиени во илегален лов претежно поради рогот за кој се верува дека има терапевтско-афродизијачки својства.