Број на текстови објавени денес: 90
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Кривична пријава за скопјанец поради злоупотреба на службената положба и овластување

mvr-zgrada-35

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против С.Т.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 и став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот С.Т., во својство на директор на Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, спротивно нa член 48 од Законот за административни службеници, донел решенија за унапредување на 128 административни службеници без спроведување на соодветна законска постапка. Тој, без да достави барање за започнување на постапка за унапредување на административен службеник до организационата единица надлежна за управување со човечки ресурси во Агенцијата, без добиено известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии, без објавен интерен оглас на веб страницата на Агенцијата, како и без постоење на пријави за унапредување со приложени докази за унапредување, без Комисија за селекција за унапредување, без записник за административна селекција, без записник за спроведени интервјуа со најдобро рангирани кандидати и без одлуки за извршен избор, ниту пак објава на истите на веб страната на Агенцијата, спротивно на членовите 49, 50, 51 и 52 од Законот за административни службеници, на 29.07.2016 година донел 128 Решенија за распоредување и определување на плата на државен службеник. На тој начин, во наредниот период им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист од 7.343.131 денари на штета на Буџетот на Република Македонија. Пријавениот С.Т., исто така, постапил спротивно на член 5 од Законот за вработените во јавниот сектор. Тој, без да спроведе транспарентна постапка за унапредување на административни службеници и без да го почитува начелото на еднакви услови и еднаков пристап до работно место, донел решенија со кои било извршено унапредување на вработени во Агенцијата на повисоки работни места од претходните, со што се зголемиле и личните примања на вака унапредените службеници.