Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

Кривична за жителка на Романовце за фалсификувана диплома

мвр(15)

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Џ.Е. од село Романовце осомничена за кривично дело „фалсификување исправа“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Во 1999 година пријавената набавила фалсификувана диплома од Универзитетот „Климент Охридски“ во Софија, при што се стекнала со квалификација на VII степен, специјалност педагогија.

Како што соопшти МВР во дневниот билтен, дипломата во 2000 година таа ја приложила како вистинска на Филозофскиот факултет во Скопје за нострификација, за што добила и Решение за нострификација.

„Во 2003 година пријавената како вистински ги приложила фалсификуваната диплома и добиеното решение за нострификација во Општинско основно училиште „Кирил и Методиј“ во село Романовце, каде од 6 октомври 2003 до 2009 година и биле изготвувани договори за работа со заснован работен однос на определено работно време. Во октомври 2009 година добила договор и одлука за трансформација на работен однос од определено на неопределено работно време. Со наведените дејствија пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од платите што и биле исплатени од државниот буџет за наведениот временски период“, соошшти МВР.