Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

КОЈА Е ВИСТИНАТА ЗА ОХРИДСКИОТ „БАРОН МИНХАУЗЕН“-КАКО ТАНЕСКИ ГО МЕСТЕШЕ СУГАРЕСКИ,ДЕЛ 1-ви

Охридскиот Барон Минхаузен под чија диригентска палка е Општинската Организација на СДСМ Охрид не престанува да ја бранува охридската јавност.

Но да појаснам на ден 17 март 2018 година објавив натпис под наслов : „Сугарески го продал за џабалак хотелот Магнус во Охрид на фирма на Кирил Божиноски“. Тогаш министерот Сугарески излезе со закани кон мене и редакцијата дека ќе не тужел, но фактите не му дале основ за тужење. Во принцип никогаш не ги кажуваме изворите на информациите, но сега на почитуваниот министер Сугарески јавно му кажувам, дека ниту ми се сонило, нуту сум изнесол лаги, туку документацијата на информацијата за хотелот Магунс во Охрид ми беше дадена лично и персонално од претседателот од ОО СДСМ Охрид, како знак на негово негодување како лидер на локална политчка партија за една криминална зделка. Договорот за купопродажба ми беше предаден лично од Танески и тука завршува, рашомолијада со хотелот Магнус. Се поставува отворено прашањето од типот: Доколку претседателот на ОО СДСМ Охрид Лазе Танески не му верува на Сугарески, за што би верувало членството, граѓаните на Охрид па и ние новинарите?!

Зад кулисните игри на охридскиот Барон Минхаузен имаа своја голема позадина, која е лично негова приватна, но и давањето за документацијата за хотелот Магнус, ниту беше случајна, а уште помалку без краен негов личен интерес.

КОЈА Е ВИСТИНАТА ЗА Laki Hotel & Spa Охрид! 

Најголемата тогаш приватна инвестиција во областа на туристичката гранка во Охрид во 2017 година секако дека беше Laki Hotel & Spa во месноста викана Коњско.Тогаш истиот помпезно во присуство на целата влада беше свечено отворен и сите ние мислевме дека истиот е легален, дека се работи за солиден бизнисмен, но реалноста била сосема поинаква.

Искрено, од оној момент кога „бизнисменот“ Лазе Танески во содејство со генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски се дрзнаа да нарачаат најморбиден и монструозен текст на порталот МакТел, каде се обидоа да чепнат деца, ја отворија Пандорината кутија и тоа и те како им тежи над главите. Едноставно премногу знам дека многу нешта се дебело криминално валкани игри од нивните налудничави главчиња, но да одиме по ред.

КАКО ТОА СЕ БАРА ДОЗВОЛА ЗА ИЗМЕНА НА ГРАДБА НА ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ?!

Кон крајот на 2016 година до Општинскиот Инспекторат за комунални дејности во Охрид пристигна барање и пријава од граѓани дека на К.П 20848/1 за К.О Коњско, на имотен лист број 1690 инвеститорот фирмата Теди Комерц од Охрид постапувал спротивно од одобрението за градба издадено од Општина Охрид и во голем дел ги прекршувала означените одобренија за градба, поточно гради доградува дивоградби кои се надвор од приложената планска документација за изградба на објектот, со што му нанесува штета на соседниот објект кој исто така врши угостителска дејност. При извршениот увид од страна на Општинскиот комунален градежен инспекторат при општина Охрид предводна од инспекторот Тофе Дамјаноски од Охрид, при извршениот увид на лице место констатирани се низа неправилности, изградени објекти кои се надовор од проектната документација приложена во Општина Охриод, врз база на кое било издадено и одобрението за градба. Комисијата при Општинскиот комунален инспекторат при Општина Охрид изготвува решение, со кое решение му наложува на инвеститорот Теди Комерц ДООЕЛ Охрид ул. „Егејска“ бр. 5 веднаш да пристапи кон рушење на дивоизградените објекти , а доколку тоа не го стори самоволно рушењето ќе го спроведе Општина Охрид на терет на инвеститорот Теди Комерц ДООЕЛ Охрид. Но, на ова решение на Општинскиот комунален инспекторат фирмата Инвеститор Теди Комерц ДООЕЛ Охрид се оглушува и поднесува до општина Охрид БАРАЊЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ИЗМЕНИ ЗА ГРАДБА ВО ТЕК НА ГРАДБА ДО ОПШТИНА ОХРИД, НО ЗАМИСЛЕТЕ НА ВЕЌЕ ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ, КОЈ ЗГОРА НА СЕ Е ВО ФУНКЦИЈА И ОБАВУВА УГОТИТЕЛСКО УСЛУЖНА ДЕЈНОСТ.?!

Веројатно тука се сокриваше и главниот основ за кој Танески ни ги предаде тајните документи за Сугарески, можеби преку мене сакал да изврши притисок врз Сугарески како би можел да издејствува некакво си одобрение за диво изградените објекти?!

ТАНЕСКИ ПРАВЕЛ ПРИТИСОЦИ ВРЗ ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СТОЈАНОСКИ

Она што ми е добро познато, со оглед на фактот што бев присутен на бројни разговори и приговори, охридскиот градоначалник Јован Стојаноски воопшто не му е омилена личност на претседателот на ОО СДСМ Охрид, Лазе Танески. Причини беа споменувани безброј, но вистината е само една, а таа е она фамозно БАРАЊЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ИЗМЕНИ ЗА ГРАДБА ВО ТЕК НА ГРАДБА ДО ОПШТИНА ОХРИД, кое барање градоначалникот Стојаноски го одбил како неосновано и постапил правилно согласно Закон и согласно своите ингеренции, бидејќи самото поднесено барање не да е налудничаво, туку се граничи со крајна лудост, од причина што такво барање се поднесува во тек на градба доколку се има потреба, а не од кога ќе се изгради објектот. Градоначалникот Стојаноски не подлегнал на нечија партиска суета и не потпишал акт за да го задоволи претседателот ТАНЕСКИ, а за кој потпис Стојаноски би можел доколку потпишел еден ден кривично да одговара и да заврши во затвор.

Јавно му укажувам на сите чинители дека, доколку било кој потпише таков акт или друг акт сличен на овој, јас ќе бидам првиот кој ќе му поднесе кривична пријава до надлежното Обвинителство, а обвинителот нека повели да не постапи согасно Закон, тој и досега требало да постапи по службена должност и доколку не знаел еве сега знае и нека го примени Институтот ДОПРЕН ГЛАС.

ПРОДОЛЖУВА: УТРЕ ЌЕ ЧИТАТЕ СИТЕ МАТНИ ИГРИ СО АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР, ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА УРБАНИЗАМ И БАНКИТЕ, ЕКСТРА СКОПСКО, ОХРИД ТУРИСТ И ДРУГИ ЗА ТОА КАКО СЕ ПОДИГАЛЕ КРЕДИТИ И КАКО ФУНКЦИОНИРАЛ ТАНЕСКИ…

Сашо Денесовски – Лично

Напомена: (Изнесените ставови во написот се личен став на авторот на текстот Сашо Денесовски. Редакцијата на ОхридСкај и издавачот се оградуваат од изнесените ставови и не сносат било каква правна одговорност за изнесените наводи и ставови на авторот).