Број на текстови објавени денес: 104
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Кошаркарот на Бостон, Џабар Бирд заработи тужба за семејно насилство

Против кошаркарот на Бостон селтикс, Џабар Бирд, е поднесена тужба за домашно насилство, откако викендов беше приведен за напад на неговата девојка.

Тој е обвинет дека ја нападнал, давел и киднапирал девојката во период од четири часа.

Кошаркарот на сослушувањето пред судот изјави дека не се чувствува виновен.

– Нашите мисли се со жртвата на овој инцидент. Клубот ја осудува секоја форма на насилство и вознемирени сме поради случајот со Џабар Бирд. Ќе соработуваме со сите надлежни за овој случај и дотогаш нема да даваме коментари за оваа тема, стои во соопштението од Бостон селтикс.

Судот на Бирд му одреди кауција од 50.000 долари, а ако се докаже дека е виновен за сериозните обвиненија тој најверојатно нема да може да ја продолжи кариерата во НБА лигата.