Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Корупција како судбина

korupcija-mito-pari-dogovor

Градот Вашингтон, како седиште на институциите на најмоќната земја во светот – Белата куќа, Конгресот, Врховниот суд, Стејт департментот, и малку надвор од градот и Пентагон и ЦИА – е сцена на историски, па и тековни афери во најновата администрација, па градските афери остануваат во сенка на оние кои ја потресуваат Америка и светот, пишува Кемал Курспахиќ за Радио Слободна Европа.

Така и овие денови, кога најблиските соработници на Претседателот се под истрага, обвиненија или секојдневни оставки, една вашингтонска градска афера останува практично незабележана: шефот на системот на јавните училишта во градот, кој има годишна плата од 280.000 долари со можен десетпостотен бонус за успешна работа, мораше да поднесе оставка бидејќи е утврдено дека без да го почитува системот на „лотарија“ за запишување во престижно училиште, ја запишал сопствената ќерка во училиште според нејзиниот избор.

– Ја прифатив неговата оставка, бидејќи ја изгуби довербата на заедницата – рече градоначалничката на Вашингтон.

Тој брз расплет на аферата во училишниот систем на главниот град на САД заради нешто ме поттикна да размислам за Босна и Херцеговина: за неа е судбинско прашањето, сега кога од највисоките места во Европа велат дека нејзината еврокомпатибилност првенствено се мери со нејзиниот напредок во борбата против корупцијата, кога и нејзините државни службеници ќе почнат да ја „губат довербата на заедницата“ и, за босански услови, добро платените работни места за злоупотреба на положбата?

Ако целиот општествен поредок е заснован на корупција; ако главниот мотив на бавење со политика и борба за власт е заради преземање на јавните добра и освојување на позициите, од каде на сопствените лојалисти ќе се доделуваат најпрестижните работни места, највносните договори, најперспективните локации; и особено ако како првоборци против корупцијата се нудат транзициските профитери кои од ништо дојдоа до невидено богатство – тогаш тоа не е работа која може да се заврши со свечени ветувања за прифаќање на европските стандарди и вредности.

Корупцијата, се разбира, не е само давање или примање поткуп за ситни привилегии во секојдневните контакти со јавните служби, од 10 до 20 марки за „кафе“ на полицаецот да не поднесува пријава за ситен сообраќаен прекршок до слично „мало внимание“ на службеничката на шалтерот за побрзо и без ситничарење да издаде некој неопходен јавен документ.

Таа има и свои мултимилионски димензии и манифестации: ако набавките на опрема во јавната администрација и јавните служби – без никаква отворена конкуренција – се доверуваат на привилегирани компании и добавувачи на луѓе блиски до власта и ако според истите критериуми на блискост до власта и подготвеност со великодушно плаќање „под маса“ да се награди нивната наклонетост за одбирање на изведувачите на јавните работи, тогаш тоа ја искривува сликата на целокупната економија и воспоставува гротескен систем на вредности со нападна промоција на новобогаташката елита.

Курспахиќ понатаму вели, имав можност и професионално да се занимавам со корупцијата на глобално ниво. Имено, бев претставник за печат на Конференцијата во Мерида во Мексико на која во декември 2003 со учество на претставници од 100 земји беше промовирана Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата. Таа конвенција тргнуваше од фактот дека корупцијата ги засега сите општества, богати и сиромашни, и ги обесхрабрува инвестициите и конкуренцијата.

Степенот на тоа зло можеше да се демонстрира на примери во кои, да речеме, поранешниот претседател на Заир Мобуту ограбил пет милијарди долари од државната каса, а нигерискиот диктатор Сани Абача (Abacha) освен две милијарди долари од Народната банка присвоил уште две до три милијарди долари во форма на поткуп исплатен нему и на неговите најблиски.

Фактот дека 100 земји ја потпишаа конвенцијата на конференцијата во Мексико беше примено како знак на најширока согласност дека корупцијата е „глобален предизвик што бара глобален одговор“.

Овој документ понуди низа превентивни мерки и ги обврза земјите на соработка.

Но, конвенцијата за борба против корупцијата ќе биде толку успешна колку што успешно ќе биде спроведена. Добар пример дека „прифаќањето на конвенцијата“ не гарантира и нејзино спроведување е забележан токму на нејзиното промовирање во Мексико.

Стотина земји ја потпишаа конвенцијата, но една отиде и чекор понатаму: Кенија прва и ја ратификуваше конвенцијата демонстрирајќи така „решеност да се справи со корупцијата“. Скоро 15 години подоцна, во 2017 година, корупцијата во Кенија беше полоша од кога било.

Така и ветувањето на актуелните босански функционери на највисоките европски претставници за борбата против корупцијата може да се разбере само ако се разбере и тоа дека нивната моќ во најголема мера се потпира на корупцијта и дека тие сите овие долги години од „првите слободни избори“, во 1990 година, повеќе направиле за слабеење и потчинување отколку на јакнење на независноста на критичките медиуми и ефикасното правосудство како предуслов за владеењето на правото и сузбивање на корупцијата.

тој на крајот заклучува, без тоа, ни останува циничната поука од досетката во која бошњачкиот член на Претседателството Бакир Изетбеговиќ му се жали на соговорникот дека му ветиле на народот 100.000 работни места, а тој му одговора: „Ма, ги има тие места, ама народот нема пари“.

Подготви: А.Ј.