Број на текстови објавени денес: 84
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Конте: Го сакавме Ван Дајк, но се откажавме кога беше резерва

359136-antonio-konte-kje-go-predvodi-chelzi-do-odlichni-uspesi

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте призна дека сакаше во тимот да го има холандскиот стопер Ван Дајк, пред да оди од Саутемптон во Ливерпул, но се откажал кога тој беше на клупата за резерви во мечот на двете екипи во Премиер лигата.

Ливерпул го донесе Ван Дајк за 85 милиони евра и го направи најскап дефанзивец на сите времиња, а Холанѓанецот веќе на своето деби во дерби против Евертон (2:1), го постигна победничкиот гол.

– Тоа е фудбалот, односно животот. Секако дека беше наша цел долго време. Постојат многу играчи кои ги следиме, но не можеме сите да си ги допуштиме. Трансфер пазарот не е едноставен. Ливерпул ја зајакна својата одбрана, а Ван Дајк е врвен играч. Тие го продадоа Кутињо и имаат пари да инвестираат во засилувања, изјави Конте за британските медиуми.

Ван Дајк на 16 декември цел меч против Челзи го преседе на клупата за резерви.