Број на текстови објавени денес: 71
image003
image003

СКАНДАЛ:КИРАЦОВСКИ, ДО КОГА СО ТВОЈОТ МИЛЕНИК „МАКТЕЛ“ ЌЕ СПИНУВАТЕ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАЛЦИНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА?!

maktel skri shot

Македонскиот народ е малцинство во својата држава ,според главниот мегафон на Александар Кирацоски,електронскиот портал „Мактек.мк“!

Искрено не знаеме за чиј интерес обработуваат дечките , но во моменти кога сите го чекаме „фамозниот“ телефонски разговор Заев – Ципрас,Република Македонија и македонскиот народ доживеаа денес, да бидат малцинство во својата држава .Ова е скандалозната објава на порталот „Мактел.мк„,за кој генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски,од срце го брани како најголем патриот , и како најзаслужна личност за падот на режимот. (Кликнете за зголемување)maktel skri shot

Според порталот кој го „командува„ Кирацоски, денес ќе објави вест под наслов „ Стаса најсилен доказ дека албанците во земјава се над 30%:Од 15 000 матуранти во земјава ,10 000 се Македонци,5000се Албанци“.

Доколку се водиме од веселата математика ,свесно нарачана во овој сензитивен момент за македонскиот народ,дека албанците биле над 30% од населението,а која весела математика ја темелат врз база на матуранти,тогаш посланието на миленикот на Кирацоски ,свесно сака да го уништи македонскиот народ.

Доколку нивната статистика се темели на тоа, дека имаме 10.ооо матуранти -Македонци,а 5000-Албанци , тогаш ,веселата математика ,нека додадат уште 30.000 роми и египјани кој се на иста возраст со макеоднците и албанците -матуранти, а кој не посетуваат школи, нека го додадат Турскиот Етникум, Српскиот Етникум,Торбешите, Власите, за на крај да испадне дека во Македонија живеаат само 20 % македонци???

Искрено ,крајно сум свесен дека овој текст ,кој е објавен на порталот Мактел е дебела нарачка , со крајна цел девалвирање на Македонската нација,како државотворна.Со ваквиот спин на Мактел,некој дебело обработува за озобновување на Призренската Лига и идеалот на Албанците на Балканот,а со ваквите спинови , свесно ја втурнуваат Македонија кон федерализација и кантонизација!Дали ова е само наговестување Кирацовски на новото мени кое ќе ни го дадете да го „џвакаме “ ние македонците, додека Вие дебело ќе профитирате?!

Резил и велепредавство ,Јовевски превзе ми соодветни Законски дејствија,овој напис на Мактел удира на рушење на Уставен поредок.

Сашо Денесовски