Број на текстови објавени денес: 83
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Ким се закани дека ќе ја откаже долгоочекуваната средба со Трамп

1275471_kim-reuter01_ls-640x426

Северна Кореја наеднаш ги откажа преговорите на високо ниво со Сеул и се закани дека ќе ја откаже и долгоочекуваната средба со Доналд Трамп, доколку САД продолжат да инсистираат од неа да се откаже од целото свое нуклеарно оружје.

Средбата Трамп-Ким е закажана за 12 јуни во Сингапур, но заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја кажа дека неговата земја нема интерес за ваков самит, додека САД даваат непромислени изјави и имаат скриени злобни намери, вперувајќи го прстот кон советникот за национална безбедност Џон Болтон.

– Ние не ги криеме нашите чувства на одбивност кон Болтон. Трамп ќе биде запаметен како неуспешен претседател доколку продолжи да оди по стапките на своите претходници. Ние соодветно ќе ѝ одговориме на американската администрација доколку таа покаже намера за подобрување на односите. Но, ние нема да бидеме заинтересирани за преговори, ако нивна цел е да бидеме притиснати и да ни се наметне еднострано барање да се откажеме од целото наше нуклеарно оружје. Ако продолжи ова, ние ќе бидеме принудени да размислиме дали ќе ја прифатиме средбата – изјави Ким Кје-Гван.

Оваа изјава дојде набргу откако Пјонгјанг објави дека ги откажува преговорите со Сеул, само два часа пред тие да почнат, во знак на протест против заедничката американско-корејска воена вежба. Таа почна во петокот и во неа учествуваат 100 авиони од двете земји. Министерот за одбрана на Јужна Кореја кажа дека вежбата ќе продолжи и дека таа служи само за обука на пилоти.