Број на текстови објавени денес: 2
image003
image003

Кацарска до Груевски: Не сте во Собрание или на владина седница, не ми климајте со главата

gruevski-sud1

Со обвинувања дека судските процеси се всушност политички процеси, дека ова е хајка и политички прогон против него и неговите соработници, Груевски ги започна неговите завршни зборови во судскиот случај „Тенк“ за набавката на мерцедесот.

Тој почна да зборува дека ова е политичка одмазда од СДСМ кој бил поразен 10 пати на изборите и порача дела пак ќе биде поразен. Целта ма хајката, рече поранешниот премиер, е редефинирање на државата и промена на уставното име.

Груевски почна да зборува и за судот за којшто рече дека станал заробеник на партијата која е на власт, но порача оти тоа нема да трае долго. Тој почна да зборува и за тоа дека нѐ е случајно што денешното рочиште е во исто време со средбата на Заев и Ципрас…

Во неговите завршни зборови го прекина судијката Добрила Кацарска која му рече дека ова не е Собрание или негова прес-конференција, ниту пак, седница на Влада.

– Ќе ми биде ускратено да дадам поширок контекст – одговори Груевски.

Кацарска му возврати дека сите присутно во судницата сме државјани на оваа земја и колку толку знаеме што се случува во државата, како со името така и со ЕУ и НАТО, па да не држи тој прес-конференции или предавања за тоа. Во судница, го предупреди судијката, може да зборува колку сака, но за предметот за кој е обвинет.

Кацарска му рече на Груевски и да не клима со главата кон неа.

– Некако како да е лично тоа – рече таа.

Груевски рече дека не е лично и продолжи да ги чита завршните зборови прескокнувајќи го делот за кој реагираше Кацарска односно само оној дел од завршните зборови кој се однесува на случајот „Тенк“.

Кога тој заврши со неговото излагање при што на крај порача дека се надева оти судскиот совет ќе има сили да го зачува интегритет Кацарска повторно му возврати.

– Никој ама баш никој не може да влијае на претседателот на овој совет. Во тоа бидете убедени – рече Кацарска.