Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

Како да препознаете дали имате недостаток од витаминот А?

the-carrot-410670_960_720-640x427

Витаминот А е неопходен за да се зачува здравјето на очите и кожата, но и да му се помогне на вашето тело да се бори против инфекции. Како да препознаете дали го внесувате во доволна количина?
Недостатокот од витамин А може да предизвика најразлични опасни нарушувања како целијакија, цистична фиброза, инфекции во цревата, цироза на црниот дроб, промени во бојата на очите, псоријаза, репродуктивни проблеми, како и вагинални инфекции кај жените. Доколку препознаете некој од овие симптоми, потребно е да го зголемите внесот на сите витамини, а особено да обрнете внимание на витаминот А.

Сето ова може да се случи при авитаминоза, кога е потребно да се внесуваат и додатоци во исхраната, освен на природен начин. Затоа е потребно во своето мени да вклучите млечни производи, јајца, риба, џигер, зеленчуци и овошја богати со бета каротен (кајсии, моркови, црвена пиперка, манго…)