Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

И Нинџа пропеа: На 8-ми кат во Белта палата на ВМРО се координираше 27 април

Никого од овие луѓе тука, барем повеќето, не знаеше што може да се случи на 27 април, вака Александар Василевски Нинџа почна да раскажува што се случувало на 27 април, откако претходно кажа дека во 2015. бил ангажиран од УБК односно од тогашниот началник на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски кој избега во Грција.

Нинџа кажа дека дентта тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски му се јавил да биде во Скопје бидејќи имало сознанија дека тогашната опозиција спрема нешто.
Дента бил во Куманово, во Ѓорче Петров, а потоа рече седнал во ресторанот „Дион“ на кејот на Вардар.

– Околу 16 часот ми се јави Владимир Атанасовски да надгледувам бидејќи имаат информации дека тој ден СДСМ ќе сакаат да изберат претседател на Собранието. За да ја следи состојбата ми кажа дека лично го има известено и Јане Ченто. Во 17 часот дојде мојата сопруга. Отидов до кафулето „Тренд“. Седев таму, мислам, до 17.40 часот по што ми се јави тогашниот организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Спире Ристевски и ми кажа да отидам до штаб. Во тоа време имав контакт и со господинот Сашо Мијалков по што ми рече: „Дојди во база”. Тогаш база беше белиот штаб. Се вратив во „Дион“, поседов и заедно со лицето Веле Петрушевски отидовме во штабот на ВМРО-ДПМНЕ околу 18.10 часот. Стигнавме до гаражата „Тодор Александров“. Влеговме од долниот дел на гаражата. Се качив на спрат нула. На Сашо Мијалков едни од неговиот простории се наоѓаа некогаш на 5-ти, некогаш на 6-ти, некогаш на 8-ми кат. Кога дојдов негово обезбедување го немаше. Мислев сите се горе. Се качив на 8-ми кат. Таму имаше и една сала, се упатив натаму го оставив телефонот на столче. Кога влегов видов други луѓе. Мијалков не беше таму. Таму го забележав командно оперативниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Тука беа Билјана Бришковска Бошковска, Спире Ристевски, Митко Чавков, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски. Сите разговараа на мобилните – раскажа Нинџа.

На телевизија во штабот се гледа пренос од случувањата пред Собрание. Како се движеше толпата према Собрание, рече тој, се издаваа наредби.

– Билјана Бришкоска Бошковска комуницираше со Трајко Вељановски кој даваше насоки за состојбата внатре. Миле Јанакиески и Спире Ристевски комуницираа со Бетмен. Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија да дојдат во Скопје по директива од партијата. Чавков имаше комуникација со Ивица Вучевски и Митко Пешов. За некое време дојде и директорот на УБК Владимир Атанасовски. Тука сакам да нагласам дека се координираше сето тоа што се случи на 27 април. Како што доаѓаше масата према Собрание така наредбите беа подиректни. Бришкоска Бошковска кажуваше дека првото сценарио не успеало. Дека пратениците не ја завршиле својата работа, предизвикале тепачки. По што дојде насока од неа, му се јави на Вељановски му кажа да се отворат вратите во Собранието. Бев во штабот до 19.15 часот. По што директорот Владимир Атанасовски ми рече да одам на терен и да известувам што се случило – рече Нинџа.

Тој кажа дека кај „Жена Парк“ и градска болница како што било договорено се видел со Никола Бошковски, вратите биле отворени, а тој и Бошковски набљудувале откај градска болница.

Потоа му се јавиле на Никола Митревски Кољо кој бил во Собрание за да му кажат да излезат тие што се внатре и да дојдат во „Жена Парк“ да се најдат.

– Кога идевме према „Жена парк“, Бошковски му вртеше на Владимир Атанасовски и му кажа дека во Собранието е настанат хаос, по што истиот цинично му одговорил: „Комуњарите сакаа да бираат претседател, така им е”. Атанасоваки го извести Бошковски дека во тој момент во штабот на 8-ми кат е шефот на кабинетот на претседателот, Борис Јосифовски и дека во секој момент може да биде прогласена воена состојба. Во „Жена парк“ на клупа го сретнав поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски – раскажа Нинџа.

Дека во секој момент можела да се прогласи воена состојба на Нинџа му кажал и Грујевски. Нинџа кажа дека имало информации дека претседателотт Иванов не прогласил воена состојба под влијание на странски фактор.

– Ми кажа дека има информации од военото разузнавање дека секој момент може да се прогласи воена состојба. Ова почна некаде пред да почне да делува полицијата. Додека седев со него некој од внатре му јави и он ми рече ова не е на арно? некој друг ја преземал командата, мислејќи на внатре во Собранието бидејќи полицијата почнала да делува – рече Нинџа.

Оваа вистина, продолжи тој, што јас ја видов на 8 спрат во штабот никој не ја знаеше.
Вечерта на 27 април околу 10.45 часот му се јавил Никола Бошковски му кажал дека ќе дојдат да го земат со службено возило откај градска болница. Нинџа со тоа возило отишол во една од базите на Петтата управа каде биле Никола Бошковски и еден од обвинетите, Сашо Марковски.

– Во неврзан разговор разбрав дека се одземени хард дисковите од мониторинг собата во Собранието. Бошковски му се јави на Атанасовски што да прави со хард дисковите, а тој му кажа да се уништат. Марковски ги извади хард дисковите од плаво најлонче ги стави на пресата. Хард дисковите беа црни по големина 20 на 20 сентиментри. Почна да ги уништува – раскажа Нинџа.

Потоа Бошковски го вратил дома во Автокоманда, а попат застанале во Ќерамидница каде Бошковски од ,,цигански мост” во Вардар ги фрлил уништените хард дискови и цедиња.