Број на текстови објавени денес: 90
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Инспекцијата утврди пропусти кај одделенските раководители во училиштето во Неготино

maxresdefault-8-640x360

Просветната инспекција во ОУ „Гоце Делчев“ во Неготино, каде се степаа ученички, утврди неправилности во работењето на одделни одделенски раководители, кои педагошката евиденција ја воделе со пропусти.

– Педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Се мисли на пропусти при регулирањето на изостаноците, од страна на одделни одделенски раководители. Тие требало да достават предлог до соодветните органи во училиштето, за изрекување соодветни педагошки мерки. По извршената инспекција ќе го сторат тоа, со цел позитивно да се влијае врз однесувањето на учениците и да се постигне поголемо чувство на одговорност и спречување на негативно и асоцијално однесување – велaт за МИА од Министерството за образование и наука.

Оттаму додаваат дека од страна на училиштето ќе бидат преземени соодветни мерки за надминување на состојбите.