Број на текстови објавени денес: 83
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Инвеститор казнет со 6,7 милиони долари за уништување графити

h_50957893-640x408

Градежен инвеститор од Њујорк мора да плати 6,7 милиони долари на 21 цртач на графити, откако ги уништил нивните дела насликани на згради, одлучи судот.
Пресудата е разрешница на спор започнат во 2013 година, кога градежниот инвеститор Џери Волкоф ги отстранил ументичките графити што биле насликани на ѕидовите на станбен комплекс што тој го поседувал.

Тој зградата ја претворил во комплекс со луксузни апартмани во 2014 година.

Но, уништените дела не биле обични улични графити, туку биле дел од нешто што ументиците го нарекувале најголемиот музеј на графити на отворено и го тужеле изведувачот врз основа на законот којшто штити јавна уметност со признаен статус, создадена на нечиј имот.

Пресуда, образложение
Во ноемрви, судијата пресудил во полза на уметниците, а сега тој ја соопштил и конечната одлука и надоместот за уништување на нивните дела. Судијата Фредерик Блок изјавил дека ѕидовите со графити биле пребојадисани додека траела судската парница.

– Доколку Џери Волкоф не ги уништел графитите додека ги добиел дозволите, судот не би нашол дека тој дејствувал намерно – објаснил судијата.

Волкоф е сопственик на зградите од 1971 година и тој бил човекот кој првично им дал дозвола на графити уметниците да сликаат на ѕидовите во 2002 година.

Но, пазарот на недвижнини во Њујорк сити почнал да „цвета“ и околината на зградите не била исклучок. Тогаш Волкоф решил да заработи од неговиот имот со претворање на објектите во лускузни апартмани и одлучил дека графити уметноста повеќе не припаѓа на тие ѕидови.

Џери Волкоф изјавил дека многу му било тешко што таква уметност требало да биде отстранета.

– Ви кажувам, не само што ми се допаѓаше она што го сработија, туку го обожавав. Плачев утрово, ви се колнам – изјавил Волкоф за „Њујорк тајмс“ во 2013 година.

Многу жители од околината, како и портпаролката на уметниците, Мери Флажел, изјавиле дека потегот на Волкоф бил убиство на уметноста.

– Ова е трагедија. Доколку работите не одат како што тој сака, тој ги презема нештата во свои раце – изјавила Мери.