Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Зошто пубертетот и менопаузата почнуваат сè порано!

Додека некогаш беше вообичеано децата да влегуваат во пубертете на 13 и 14 години, денес психичките и физичките промени се случуваат сè порано, и тоа особено кога девојчињата се во прашање. Новите истражувања покажуваат дека 20 отсто девојчиња во пубертет влегуваат веќе на осумгодишна возраст!

Виновникот треба да го бараме во животниот стил
И менопаузата, времето кога завршува плодниот период и се јавуваат многубројни други појави и промени кои се поврзуваат со стареењето, кај жените, исто така, настапува сè порано – кај некои веќе во раните 30-ти години од животот. Тоа, се согласуваат стручњаците, не е случајно, а своја подлога несомнено има во животниот стил (а, особено во исхраната) на модерниот човек.

Научните студии покажале дека во целиот свет пубертетот, но и менопаузата, започнуваат значајно порано. Иако за вистинската причина се шпекулира, се претпоставува дека станува збор за интеракција на генетиката, околината и едокрините жлезди. Факт е дека, благодарение на индустријализацијата, доаѓа до бавен, но значаен пораст на бројот на хемикалиите кои докажано го покажуваат својот ефект на човечкиот ендокрин систем.

Хемикалиите кои имаат негативен ефект на ендокриниот систем се нарекуваат ендокрини нарушувачи. Ефектот го остваруваат различно, на пример, се поврзуваат на одреден клеточен рецептор, директно влијаат на клетките или пак, имаат токсичен ефект на органите.

Потенцијалната улога на ендокрините нарушувачи кај прераниот пубертет е воочена уште во раните 90-ти години на 20. век. Затоа, некои од тие хемикалии денес и се забранети или се предупредува на нивното штетно дејство. Меѓу хормонските нарушувачи во пубертетот најзначајни се фитоестрогените, производи за заштита на билките кои се употребуваат во конвенционалното земјоделство (пестициди), бисфенол А (БПА, кој е дел на пластичните садови и сите амбалажи на индустриски произведената храна), фталати (индустриски соединенија кои пластиката ја прават пофлексибилна, а во растворите дејствуваат како зацврстувачи и стабилизатори, па се и зачестени состојки на козметиката која секојдневно ја користиме), парабените како дел од козметичките производи… Сите се многу присутни во земјата, воздухот и водата, посочуваат ендокринолозите.

Не е природно да се биде опкружен со толку хемикалии
Стручњаците сметаат дека хемикалиите од околината ја интензивираат активноста на хормонот естроген, во што се и крие главниот проблем. За момчињата особено се штетни фталатите кои се поврзани со ненормалниот хормонален развој на момчињата, како БПА кој се поврзува со машката импотенција. Пластиката е виновна и за сè поголемата зачестеност на полицистичните јајчници кај жените, а се поврзува и со дијабетесот, како и со срцевите болести.
Кога станува збор за прераната менопауза, научните студии, исто така, покажуваат слични загрижувачки резултати.

Големата мултицентрична студија од 2015 година покажала дека ендокрините нарушувачи можат да ги уништат јајчниците на неколку начини, и со тоа да доведат до прерарана менопауза. Најмногу се спомнуваат PCB (полихлорирани бифенили), феноли, органофосфати, сурфактанти, полициклички ароматски хидрокарбони… Називите на сите тие хемикалии малку ни зборуваат, но многу од нив секојдневно ги употребуваме, најмногу преку храната, козметиката како и преку средствата за чистење, предупредуваат лекарите и напоменуваат дека за човечкото тело, а особено за жлездите, не е природно да се биде опкружен со толкава количина на хемикалии, на кои посебно е чувствителна тироидната жлезда.

Која храна која секојдневно ја јадеме најмногу ги нарушува хормоните?

Најпрво тоа се трансмасните киселини, односно сите производи кои во својот состав имаат хидрогенизирани растителни трансмасти. Кексите, грицките, готовите и полуготовите производи мораме да ги заобиколуваме во широк лак. Често можеме да слушнеме и обвиненија на сметка на живината одгледана во кафези која е наводно „складиште“ за антибиотиците. Кога од исхраната ќе се отстранат и млечните производи, кај многу жени со хормонски пречки се случуваат позитивни здравствени промени.