Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Зошто косата постојано ви е сува?

Една од опциите е дека вие генетски имате таква коса и не можете ништо против тоа. Но, доколку се случила нагла промена и вашата коса од нормална или масна станала сува во краток временски период, причина за тоа може да бидат многу фактори.

За почеток, проверете дали користите соодветен шампон. Евтината козметика често има голема количина хемикалии, за да може на сметка на квалитетот да има пониска цена. Косата е важен дел од вас и вреди да потрошите пари за поскап шампон.

Внимавајте и со феновите и пресите за коса, бидејќи директниот извор на топлина ја одзема природната влажност на влакното.

Надворешните фактори како што се УВ-зраците од сонцето, сувиот студ и недоволната влажност на воздухот, исто така ја уништуваат косата и ја прават кршлива.

Дококу ја боите косата и применувате агресивни хемиски процеси за измазнување или виткање, дополнително го уништувате влакното.

Користете нежна козметика специјално наменета за сува коса.