Број на текстови објавени денес: 27
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Заев: Пратениците имаат целосен легитимитет, кредибилитет и пренесено право од граѓаните

Пратениците имаат комплетен легитимитет, целосен кредибилитет и пренесено право од граѓаните. Посебно за вакви одлуки кои ја дефинираат иднината на Македонија сите мора да се одважиме, пред се, како луѓе надвор од нашите партиски стеги, и да носиме одговорни одлуки за иднината на Македонија.

Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање во однос на пораките кои беа упатени на Конгресот на Европската народна партија во Хелсинки за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и притисоците врз нивните одлуки.

Заев по посетата на привремените живеалишта на бездомници во Визбегово, потенцираше дека само ги потврдува ставовите кои ги зборува секојдневно во парламентот и оти нема да коментира внатрешни работи на ВМРО-ДПМНЕ и ЕПП како сестрински партии.

– Апелирам фокусот да остане на процесот затоа што сите сме за Европска Унија и за НАТО. Навистина дојде моментот кога треба да носиме конкретни одлуки со сета одговорност која ја имаме, за ЕУ и НАТО и за иднината на нашата Македонија – рече Заев.