Број на текстови објавени денес: 31
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Ефикасен сируп од ѓумбир за периодот на настинки

Ѓумбирот е намирница со голем број лековити својства. Со негова помош се смируваат стомачни проблеми, го зајакнува имунитетот и е одличен во период на настинки.

Употребете го за да си подготвите здрав сируп кој ќе ви помогне полесно да ги надминете настинките.

Потребни ви се 400 грама ѓумбир, 1,5 килограми лимони и 2 литри вода.

Ѓумброт излупете го и изрендајте го, а лимоните исцедете ги. Поделете ја смесата во две шишиња подеднакво и разредете ја со водата. Чувајте ја смесата во фрижидер.

Пред употреба треба да се разреди со уште вода, најдобро би било во однос пола-пола во чашата од која пиете. По желба засладете со шеќер, мед или друг засладувач по желба, а најдобро би било доколку можете, да го пиете незасладен.