Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

ЕУ ја искара Владата на Харадинај

Шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Приштина Наталија Апостолова упати критики на сметка на Владата на Рамуш Харадинај, поради доцнење во исополнувањето обврски од европската агенда, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Апостолова, која вчера присуствуваше на седницата на косовската Влада, посебно се осврнала на незавршените обврски од Агендата на европски реформи (ЕРА), пишува денеска „Коха Диторе“.

Станува збор за документ со кој се одредуваат приоритетите од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, кои требало да бидат завршени во 2017 година, а се пренесени за оваа година и се уште нема знаци дека ќе се завршат во догледно време.

Генерално земено, меѓународните претставници во Приштина се незадоволни од динамиката на работа која ја гледаат кај оваа Влада, пишува приштинскиот весник.

ФОТО: Твитер