Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

„Дојче телеком“ од медиумите дознал за вмешаноста на Рама во забраната за продажба

Компанијата „Дојче телеком“, која е сопственик на 99,79 отсто од акциите на „Телеком Албанија“, дознала од медиумите за вмешаноста на највисоки функционери во Тирана во продажбата на германскиот имот, пишува белградскиот весник „Политика“.

„Телеком Албанија“ не е државна фирма, но тамошните државни функционери јасно го изразија ставот дека не се согласуваат „Телеком Србија“ да стане мнозински сопственик на оваа компанија, додека премиерот Еди Рама истакна дека српските претпријатија се добредојдени, но не во стратешки сектор, како што се телекомуникациите.

Во овој случај ниту сопственик, ниту продавач не е албанската држава, туку приватната компанија „Дојче телеком“, која во оваа компанија има 99,79 отсто акции, и тоа преку грката ОТЕ.

„Дојче телеком“ за весникот „Политика“ изјавиле дека за овој проблем дознале од медиумите и дека тие „не се занимаваат со политички коментари“.

Портпаролката на германската компанија Елпида Тризи истакна дека директен продавач во оваа зделка е грчаката компанија ОТЕ, каде „Дојче телеком“ има 40 отсто сопственост.

ОТЕ ја презеде „Телеком Албанија“ уште во 2000 година, а „Дојче телеком“ девет години подоцна купи акции во грчката фирма.

Според медиумите, „Телеком Србија“ понудила 60 милиони евра за преземање на „Телеком Албанија“.

ФОТО: EPA/Pawel Supernak