Број на текстови објавени денес: 54
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

(ДОСИЕ-ФАКСИМИЛИ)МИЛИОНСКИ КРИМИНАЛИ НА ТОНИ КОТАЛЕСКИ ,ДЕЛ 1-ВИ

Veligdenski_saem_2016044854

Недомаќинското работење на „преродбеникот“ екс директорот на ЈП „Градски пазар“ Охрид, Тони Коталески било толку големо што ни финансиската полиција не може да излезе на крај од каде прво да започне. Се подигале аванси, се изнајмувале рент а кар возила, се пијале кафиња по кафетерии, се спиело, се јадело и што се не се правело на сметка на ЈП „Градски пазар“.

Редакцијата Охридскај го повикува Јавното обвинителство преминуваќи го Институтот ДОПРЕН ГЛАС, веднаш  да преземе предистражни дејствија, вклучително и мерки на обезбедување врз лицето Коталески Тони, а со цел истрагата врз основ на Член 353, а во врска со Ст.1,234 од КЗ на РМ.

КОТАЛЕСКИ СИ ЗЕМАЛ АВАНСИ, А ИСТИТЕ ГИ ЗАТВОРАЛ СО НЕГОВ ПОТПИС

  • Во периодите од 2015-2017 година Коталески од благајната на ЈП „Градски пазар“ подигал аванси за патувања, во Србија, Хрватска, Црна Гора, како и за Македонија и тоа:
  • А) Во 2015 подигнал 62 000 денари за кои за износ од 47 106 денари ги оправдал  без приложување  на фискални сметки, туку со негов потпис и наредба до книговодствената  служба на ЈП „Градски пазар“, додека износот 14 894 денари воопшто не го оправдал, а  парите по сите основи ги задржал во себе.
  • -б) Во 2016 година Коталески подигнал вкупно 170 270 денари повторно за патувања во Скопје, Србија, Св.Николе, Хрватска и повторно на исти начин како и претходно не доставил никаква финансиска документација за подигнатите средства на име на аванс и на исти начин со негов потпис со задолжил сметководственото одделение да прокнижи оправдување на зелените аванси.
  • В) Во 2017 година повторно подигнал средства од Јавното претпријатие во висина од 84 624 денари и на ист начин повторно го задолжувал сметководственото одделение на ЈП без приложени фискални сметки да го оправда земениот паричен износ како аванс.

Прилог- Финансиски картички на ЈП „Градски Пазар“Охрид (Кликнете за зголемување)

viber image viber image 2 viber image 3

 

КОТАЛЕСКИ СЕ ЛУКСУЗИРАЛ  И СО ИЗНАЈМУВАЊЕ НА РЕНТА КАР ВОЗИЛА

Коталески во своето работење спротивно на закон, а за негови потреби, но повторно на сметка на ЈП „Градски Пазар“ без претходна одлука на Управен Одбор изнајмил Рент а кар возило марка „Хундаји“, но како може да се види од приложениот докуметн факс и маил бр.1 возилото го изнајмил на 03.11.2017 година, но на име Русте Али од село Велгошти, сумата од 3000 денари за изнајмување е платена од страна на ЈП „градски Пазар“ нешто што е спротивно на сите закони за работа на ЈП и ТД. Возилото го изнајмил за патување во Црна Гора, па така во еден отишле, во еден ден се вратиле.

Прилог факси маил бр.1,2

viber image viber image2

 

Коталески бил голем вљубеник во Рент а кар па така на 06.11.2017 година изнајмил пикап возило од истата рент а кар агенција, но сега за износ 9840 денари. Изнајменото возило е Цитроен Ц3 – Пикап на име Зоран Скрчески, а повторно на сметка на ЈП „Градски Пазар“.

 

КОТАЛЕСКИ СЕ ЧАСТЕЛ ПО КАФЕТЕРИИ И НАБАВУВАЛ ВИСКИ СО ФАКТУРИ НА ГРАДСКИ ПАЗАР

Коталески воопшто не штедел кога било во прашање неговото луксузирање по ресторани, охридски кафетерии и хотелски сместувања, но и набавка на виски, апетесани и други луксузи. Така, во Книговодството на ЈП „Градски Пазар“ , Коталески само во 2016 година никаде не платил од сопствениот џеб ниту едно кафе, се одело на фактура  на ЈП, како на пример:

Во 2016 година најголеми коминтенти на ЈП „Градски Пазар“ се јавуваат:

„Јас и брат ми“ со износ од 79 791 денар, „Андрос Охрид“  за набавка на виски и други луксузи, во висина 61 058  денари, Коталески Тони, во износ од 51 345 денари за сместување и храна во Хрватска (нема фискална документација), Кафетерија „Мохито“, каде што за кафе потрошил 23 161 денар, „Куба Либре“ Охрид, каде што Коталески за пијалоци потрошил 12 222 денари, „Бела Дизајн„ 6 700 денари, „Дон Примус 1 Охрид“, 7 981 денари „Гор Мар“ 4 275 денари.

Прилог факси емаил бр.3(Кликнете за зголемување)

viber image

Спорд книговодствената евиденција  за 2017 година, Коталески за задоволување на своите ресторански потреби потрошил 350 555 денари

Прилог факси емаил бр.4, Исто така по исплатени фактури „Јас и брат ми 2010“ потврошил 82 207 денари. На име Тони Коталески, а по основа на презентација повторно Коталески потрошил 51 345 денари, повторно во Р.Хрватска, во висина од 51 345 денари и др. Оставаме на органите на прогонот

Коталески бил шампион и во набавка на гориво, па така Коталески во 2015 година набавил гориво за службени  возила, но и за приватни, а имало точење и во канта, во висина 303 868.оо денари, и истото се повторувало и во изминатите години.

 

КОТАЛЕСКИ НАБАВИЛ 36 МОБИЛНИ БРОЕВИ ОД ВИП ДОО СКОПЈЕ И ЌАРИЛ 6 МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ

Како застапник на ЈП „Градски Пазар“ Коталески склучил договор со ONE ВИП ДОО  Скопје, со кој договор на сметка на  ЈП земал 36 мобилни броеви, или Градски Пазар имал повеќе мобилни броеви него вработени. Ништо не е случајно, па така договорот кој го склучил Коталески, набавувајќи 36 броеви бил со цел да добие поголема субвенција, или добил вкупно 129 000 денари субвенција, при што набавил 6 телефони, со вредност од 15 000 – 50 000 денари.На барање на новатаа в.д директорка да ги врати мобилните телефони кои се книжени како основни средства Коталески вратил само два, кои се совпаѓаат и со имееите на земените телефони, додека останатите 4 воопшто не ги вратил правдајќи се дека истите биле искршении и дека ги фрлил?! Како тоа службните луксузни телефони, Коталески одбил да ги врати и да одбие да потпише на записникот на Комисјата за утврдување на состојабата на спецификација на субвенции ONE/VIP. Оставаме да утврди истрагата.

viber image 2 viber image3

Продолжува

ТИМ Охридскај