Број на текстови објавени денес: 90
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

ДОСИЕ:ШТО ГИ СПОЈУВА ВНУКОТ НА БАЛИСТОТ ТАНЕВСКИ (ГАВРАНОТ) И БРАНКО АЗЕСКИ?!

250px-Dimitar_Tashev_Dimo_Rusev

„Види од која сорта е’, ќе знаеш колку пари чини“, така нашите стари говореле за луѓето, нелуѓе, кој за жал, денес нивни поколенија одлучуваат за судбините наши, на нашите блиски, на граѓаните на РМ!

ЛАЗЕ ТАНЕВСКИ ОД ВНУК НА БАЛИСТОТ -ГАВРАН, ДО ПРВ ОХРИДСКИ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ?!

Помина референдумското изјаснување, ветив дека нема да чепкам до тогаш никого, и достојав на збор. Но, од ова временска дистанца, редно е да погледнеме за кој нелуѓе сме се потеле да ги доведеме на власт, како тоа нивната бедна фамилијарна историја покажувала, дека, токму тие се оние најопасните камелеони, кој кога ќе дојдат до онаа пара колнета со генерации, не бираат методи, како да ги покренат нивните во генетскиот код зациментирани монструмски нагони.

Кoј е Лазе Таневски? Таневски е крстен по неговиот дедо Лазар,кој го добил надимак ГАВРАН, во сиромашно семејство во село Арбиново Општина Дебарца. Неговиот дедо, Лазар Таневски-Гавран, кој  бил шински работник на пругата Кичево-Охрид, во 1941 година се приклучува на Четничко-Балистичката Чета на Димо Георгиев Русев –  Брадата, кој покрај овој надимак, го имал и надимакот Колибарски. Лазо Таневски во четата на Димо Брадата останува се до 1945 година,,но по неговото приклучување во четата на Брадата , го добива прекарот ГАВРАН, а   кога се враќа во неговото село Арбиново целата фамилија го наследила и прекрот ГАВРАН. Лазар Таневски имал четири сина и една ќерка, скромно куќаре во Арбиново со 4 собчиња и три мали нивичиња. После ратот ОЗНА го собира како соработник на Четничко Балистичките банди на Димо Брадата, кој делувале во реонот на Горна и Долна Белица Струшко, како и повремено во реонот на долна Дебарца, како соработници и на Бугарско-Италјанскиот фашистички окупатор….

По завршување на 2-рата световна војна, дедото Лазе Гавранот поминува низ рацете на ОЗНА, но благодарение на Трајче (Дрварчето) од Црвена Вода (Трајче дрварчето,кој е заслужен и за кариерата на Бранко Азески), ја задржува слободата и повторно постанува Шински Работник на пругата Кичево-Охрид, но малата плата не можела да ги нахрани големиот број на гладни усти во фамилијата, па така повторно преку линијата од Црвена Вода Траче Курирот на Првиот партизански одред во слободна Дебарца, успева да ги испрати своите синиви на школо во Скопје. Така својот син Вељо и таткото на Лазе Таневски ги испраќа во Скопје, а третиот син го запишува на курс за милиционер, благодарение и на своите кодошки способности и наклоност кон УДБА.

Се во животот на Фамилијата на Лазо Таневски се поврзува со фамилијата на Бранко Азески, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија. И фамилијата на Азевски имала тесни врски со Димо Брадата и неговата четничко-балистичка чета. Но, повторно во приказката стапува на сцена Трајче Дрварчето од Црвена Вода, чија ќерка постанува невеста во фамилијата на Азевци, поточно мајката на Бранко е ќерка на Тракче дрварчето, веднаш зетот на Трајче постанува околиски началник на УДБА, а ќерката е сојузен пратеник.

Токму по таа линија и стрикото на Лазе Таневски, Вељо Таневски постанува Сојузен пратеник во преседништвото на СФРЈ, а покасно повторно благодарение на Дрварчето постанува и генерален директор на Авионски сообраќај на Југославија, додека неговиот брат (татко на Лаки) од Краниста во МЗТ го префрла на работно место Управувач на машини во ХТД Застава-Охрид

КАКО ВЕЉО ТАНЕСКИ ОД ИСТАКНАТ КОМУНИСТ ПОСТАНУВА ИСТАКНАТ ВМРОВЕЦ?

Независноста на Р.Македонија, го затекнува Вељо Таневски на позиција на директор на Аеродроми на Македонија. Така тој помага и на првото вработување на Лазе Таневски -Лаки 13-тица како општ работник на Багаж во Аеродром Охрид. Додека ВЕЉО ТАНЕСКИ од истакнат и докажан Комунист, наеднаш постанува прв припадник на ВМРО ДПМНЕ, по примерот и идејата на неговиот татко Лазар, постанува четник, на кој идол му бил, ни повеќе, ниту помалку Димо Брадата?! Всушност и денес, тој и во своите стари денови е најистакнат пензиониран активист на ВМРО ДПМНЕ.

Токму Вељо Таневски му ги отвара „куферите“очите на Лазе Танески, кој од својот татко го наследува станот на улица „Егејска“ во Охрид, кој му беше доделен од ХТД Застава Охрид. Едноставно Лазе до неговата реинкарнација со хотелиерството немаше да јаде ниту леб, едвај упеваше да ја прехрани фамилијата. Сопругата, ја вработи во старата охридска чаршија да продава текстил на метро, а денес глумиме величини на сопственици на хотели, кралови и кралици… , и повторно спрегата со Бранко Азевски, или линијата на Трајче Дрварчето од Црвена Вода постанува пресуден фактор во животот на фамилијата на Таневски.

БЛАГОЈА АЗЕСКИ , ТАТКОТО НА БРАНКО АЗЕСКИ КЛУЧОТ ЗА УСПЕХОТ НА ЛАЗЕ ТАНЕСКИ – ГАВРАНОТ?!

Дедо по мајка на Бранко Азески е легендарниот Трајче Дрварчето , познатиот партизански курир од село Црвена Вода Општина Дебарца, кој Ванчо Николевски го опиша во легендарниот роман „Волшебното самарче“ (Искрено не веруваме дека Лазе Танески-Лаки-Гавран го има прочитано романот?!).Ќерката на Трајче ,Ангелина, оди  невеста во охридското село Пештани , во фамилијата на Азевци , поточно за посвоеното дете во Азевци ,Благоја Азевски. Од како Благоја постанува зет на Трајче Дрварчето , веднаш е вработен во Службата за државна безбедност на СФРЈ ,како околиски началник на Охридско -Кичевскиот регион , по кој спашаа градовите Охрид , Кичево, Дебар, Струга. Добрата комунистичко-партизанска биографија на Трајче Дрврачето кој патем постана и личен пријател со Тито , му овозможува на неговата ќерка и на зетот Благоја Азевски да бидат привилегирани граѓани не само во Охрид и Макеоднија , туку и пошироко во СФРЈ.Удобноста која му ја дал лично Трајче Дрварчето на неговиот внук Бранко Азевски потекнува токму од моќта на Трајче , но покасно и од моќта наа неговата ќерка и зет ,кој одлучуваа кој треба да живее добро во тие моменти на СФРЈ , но за жал моќта постана неисцрпна до ден денешен. Синот на Благоја Азески и внук од ќерка на Трајче Дрварчето , најпрвин постанува Претседател на Младина на Охрид , па на Макеоднија ,за на крај да биде и претседател на Младина на СФРЈ, или едно од клучните тела во Комунистичкиот систем.

Но , во тоа време ,а и денес покрај политичката моќ , Азевски поседува и преголема финасиска моќ, или , што би се рекло човек за сите времина , човек за сите партии, или со еден збор човек УДБА ,кој на секоја власт или Премиер му постанува лична судбина , од причина што сите комунистички транзициски богаташи ,како и нивните деца на комунизмот се сместени во Стопанската Комора на РМ.Секогаш кога ќе треба да се подетне „кукавичиното јајце“ на било која влада , тука се јавува Азески и Стопанската Комора на РМ, која секогаш се јавува во позиција на главен промотор на секој премиер и на секоја влада! Доколку се оди по оваа логика , повеќе од јасен е фактот дека сеуште со Македонија управуваат децата на комунизот, поточно дечките на УДБА , нивните наследници , или , по ново кажано , следбениците на комунизмот!

Токму од таа позиција ,Лазе Таневски (Гавран) , добива добра позиција од таксиста , носач на куфери на охридскиот аеродром , до сега некаков си хотелски магнат??

Следува : Кој е правиот газда на Хотел „Лаки „ во Охрид.

Сашо Денесовски -Лично