Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

ДЕНЕСОВСКИ- РЕФЕРЕНДУМ, ГАСЕЊЕ НА ПОЖАР СО ПОМОШ НА БЕНЗИН?!

starleta poraka

Во армадата на интонирани реакции на лажни фејсбук профили, но и на одредени слепи послушни фејсбук полицајци на партиите на власт, на објави кој не им одат по мерка, очигледно подзаборавиле на прегрубото кршње на базичните, темелните принципи на Македонскиот Устав како најголем државотворен Акт, а кој се однесува на слободата на говор, но и на некои поголеми вредности, како што се Суверенитетот и одбраната на државата во целина.

Меѓутоа, потпишаниот договор во Нивици, кој се однесува за промена на Уставното име на Р.Македонија, гледано од ова временска дистанца можеби е лош, но секое идно решавање на некој иден спор за име, после овој акт во Нивици, може да биде само полош за Македонија и македонскиот народ.

Македонски референдумот за независност, кој се одржа  на 8 септември, 1991 година и резултира со прогласување на независност на Македонија од Социјалистичка Федеративна Република Југославија, нема, ама баш никаква допирна точка, со овој референдум за промена на името.

Македонскиот народ и тогаш, а ни сега, мислам мнозинство од народот, тогаш воопшто не беше запознаен со партиските преговори, исто како што не се мнозинството запознаени во целост и сега.

Тогаш прашањето на референдумот гласеше:

1. Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?

Малкумина знаат, дека тогаш се водеше жестока полемика помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, но и дека референдумот во последен момент го спаси Доста Димоска, која во преговорите со Црвенкоски, во смисол на вториот дел на прашањето – „со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија“, беше условено од ВМРО ДПМНЕ, дека до такво нешто може да дојде доколку сите 6 републики бидат во целина. Со оглед на Факт, дека Словенија и Хрватска прогласија независност на Референдум, Македонија со ратификување на референдумското прашање во собранието на РМ, што е и основен услов во меѓународното право, постана независна и суверена држава, која својата државотворност ја цршеше од стариот Устав на СФРЈ, како Социјалистичка федеративна Република.

СНОБИЗМОТ НАМЕТНАТ ВРЗ РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ?

Решавањето на Референдумското прашање не може да се разгледува и да се решава, како дел на прагматично водење на таканаречената „Реална политика“, како тоа го прави Заев, бидејќи тоа е суштинско прашање кое е поврзано со почитување на темелните историски, егзистенционални и национални вредности на Македонскиот народ.

Од една страна политиката која ја води Зоран Заев и сосема мал дел од владиниот ешалон, можеби претставува пожртвуваност за идни високи дострели на Македонија, кој ќе бидат видливи послем 10-тина години, но од друга страна, голем дел на министри, партиски фисоко позиционирани функционери, директори, заменици министри, сокриени длабоко од очите на Зоран Заев, буквално се до над главите во криминали и непотизам.

Додека низ Македонија к‘тадневно доаѓаат странски високи преставници за поддршка на референдумското прашање, голем дел од функционерите на власт си ги полнат џебовите, по роднинска или швалерска линија се вработуваат, или менуваат работни места како да менуваат долен веш.

Илијадници случаеви, но еве само некој пример, колку да се знае од каде доаѓа дел од незадоволството.

-раководителот на одделението за правни работи во Општина Охрид и член на Општинската Изборна комисија, преку ноќ превземен во второстепена комисија при влада на РМ со плата од 75.000 денари, на само 3 години од неговото пнзионирање, или ова лице целиот свој живот го помина на раководни функции, но и никој не се запрашал која е неговата улога со безбројните адвокатски договори по застапување на Општина Охрид кој ги вршел негов роднина -адвокат, а кој побарува над 250.000 евра за адвокатско застапување на Општина Охрид, можеби општината ја застапувал пред Севселенскиот Суд, а ниту еден предмет не добила општина Охрид?!

-Или можеби, раководителката на подрачното оделение на УЈП во Охрид, Елизабета Русевска, која наеднаш постана претстедател на второстепена комисија на Влада на РМ, со плата од 100.000,оо денари, но тука се и оние кадри на Општина кои заминаа во Царинската Управа на РМ, или Охрид постана инкубатор на кадри на шаренилото во СДСМ. Од тука потекнува оделното незадоволство, кое кулминираше со прием на медицински сестри -старлети на Истаграм, Фејсбук, Твитер, кој иако последно рангирани, по принцип Све за Љубов постанаа прво вработени, или знаењето во СДСМ не се рангира, се рангира убавото времено пакување за задоволување на детските фрустрации на функционерчината? На проложената фотографија е новата Медицинска сестра која беше последна рангирана по знаење, но прво рангирана по нечиј вкус за убавина-лечиме фрустрации?!(Кликнете за зголемување на фото)

sms (2)
ТРИБИНИ НАМЕНЕТИ ЗА ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ ПРЕКУ СМС ПОРАКИ?

Крајно нејасно е како некој може да си дозволи трибините да постанат место, каде наместо да се запознае со Референдумот обичниот граѓанин, организациите на СДСМ низ Македонија, со цел пред лидерот да прикажат колку тоа „масовност“ имале на собирот, испраќаат СМС пораки до членството за задолжително присуство?! Со тоа само даваат лажна слика во својата партија, а додека народот гледа циркуз, така на сите трибини фрчат пораки за масовност, а од друга страна, оние кој треба да допрат до обичниот граѓанин, од него бегаат како од Ѓавол од Темјан?! На ниту една трибина не допираат до народ, а згора на тоа системот „Од Врата на Врата “ им постана постана модел „Визита на блиски пријатели“. В’чера ја слушам пратеничката Жаклина Лазаревска , која во салата на општина Охрид се обрати: „Чест ми е да говорам пред волкав голем аудиториум“???!, а во салата сите до еден партиски активисти или се на се 90 на број?!, ептен голем аудиториум??!1

Дечки, менвете многу нешта, имате уште две недели време, после ќе ви биде касно…..

Сашо Денесовски