Број на текстови објавени денес: 71
image003
image003

ДЕНЕСОВСКИ: Ни следува референдум и предвремени парламентарни избори

сасо

За нештата да бидат појасни, веќе 9 година ОхридСкај унапред ги објавува скоро сите битни настани кој ќе се случуваат.Многу знаеме , но за жал на некого тоа не му е од интерес?,не сакаат добро информирани и паметни аналитичари, повеќе сакаат полтрони и гатачи/ки!

На ден 16 ноември 2017 година јавно обзнанивме и обкавивме „ Груевски и Бошковски Грција нема да ги испорача на македонските власти“,сето она што тогаш го обзнанивме , на крај испадна повторно дека сме имале проверена и точна информација, но за жал ,некој од институциите во државата кој се задолжени во делот на контраразузнавање се шетале по Халкидики?! Очигледно макеоднската дипломатија има мал број на кадри кој ја познаваат подземната дипломатија , посебно во делот на Балкан и од која сила на моќ таа потекнува и кој се нејзините клучни интереси на Балкан.

Но, не мислам да држам лекции на оние кој барем малку треба историски да ја познаваат улогата на Ватикан и нејзините балкански играчи низ вековите, зошто непознавањето не историјата не доведува да ги повторуваме грешките од минатото, тие ќе бидат погубни за нашата државотворност , која ја стекнавме во 1944 година, сакале некој да признаат или не, тоа е историски факт.

– Заев е пред доста сериозна одлука, онаа најтешката во својот живот или ќе постане национален херој или, она што искрено не го посакувам на овој човек, да постане политички лузер,тоа не го заслужува.

Грција нема да остапи од своите максималистички барања, на секое од наша страна прифатено нивно барање , наредниот ден ќе следува ново. Република Илинденска Македонија пропадна за само 8 часа ,за што пишувавме на ден 21.05.2018 „ ЦИПРАС-ВУЧИЌ И НИВНИОТ ДВОБОЈ ЗА ЈУЖНА ПРУГА ,ЗАЕВ ИМА АРГУМЕНТИ СО КОЈ МОЖЕ ДА ГИ ПАТОСИРА“,за жал не не разбраја сериозно дечките од аналитичкиот центар на УБК и АР.неколку часовната „Република Илинденска Македонија“ падна на 50.000.000 УСД, кој преку Андреја Вучиќ ,Русија ги пласира кај Ципрас (нека проверат).

Она од кое ќе нема бегање ,а кој ни следуваат како два во едно процеси , тоа се Референдум за промена на име на државата ,заедно со предвремени парламентарни избори.Да, да , тоа ќе биде следниот ултиматум кој макеоднската влада ќе го добие од ЕУ и НАТО.

Дали има друго решениеје, секако дека има , нека прашаат малку оние кој знаат ,а не да веруваат во гатачки и полтрони.

Сашо Денесовски