Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Двојна промоција: Деби албум и нов видеоспот на Теа Трајковска (ВИДЕО)

Вчеравечер пред присуство на голем број пријатели, колеги, соработници и новинари, пејачката Теа Трајковска го промовираше својот прв албум насловен како „Која сум jас“.

Промоцијата се одржа во ресторанот „Портофино“ во Скопје, а покрај
албумот, Теа го промовираше и нејзиниот најнов видеоспот за една од
темите на албумот – „Кога најдобро те познавам“. Деби-албумот на Теа е дело на познатиот хит-мејкер Лазар Цветковски и неговата сестра, Магдалена Цветковска, а на дел од песните како текстописец се потпишува токму и Трајковска.

– Тие што ме знаат, знаат колку сакав да го затворам ова поглавје и колку работевме со Лазе за да стигнеме до тука. Пресреќна сум што албумот конечно излезе, мислам дека секоја песна си зборува доволно сама за себе и сакам да се заблагодарам на сите што беа со мене до денес и да им ветам многу нова музика од денес. За самото видео верувам дека ја доловивме емоцијата што ја носи песната, која патем е една од моите омилени теми на албумот – изјави Теа.
Инаку спотот е дело на Бане Поповиќ и „Томато-продукција“, а во него покрај Теа улога има и младиот актер Дени Ајдаревиќ и танчерката Бојана Додевска.